Бруклин Бекам потпиша за Арсенал

Најстариот син на светската фудбалска легенда Дејвид Бекам, 15 годишниот Бруклин потпиша договор со англискиот премиерлигаш Арсенал, пренесуваат британските медиуми.

Бруклин Бекам потпиша едногодишен договор , но според медиумите популарните „топџии“ се подготвени за продолжување на соработката доколку младиот Бруклин биде ниво.

Медиумите воедно шпекулираат дека најстариот син на славниот Дејвид Бекам ги одмил понудите од Челзи и Манчестер Јунајтед и одлучил да заигра во дресот на Арсенал, кој инаку е неговиот омилен клуб.
Гигантот од Емирати смета дека младиот Бруклин Бекам во нивниот дрес ќе докаже дека е многу талентиран фудбалер.

Инаку поврзаноста на семејството Бекам со Арсенал не е случајна , Дејвид и менаџерот на Арсенал Арсен Венгер отсекогаш имале одличен однос и соработка.
Дејвид Бекам инаку има три сина, покрај Бруклин, во младинските категории на Арсенал се и неговите помлади синови Ромео и Круз, кои еден ден како и нивниот татко сонуваат да станат професионалци.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер