Бројот на жртвите од пожарот во Хонг Конг се зголеми на 160, уште шестмина се водат за исчезнати - Канал 5

Бројот на жртвите од пожарот во Хонг Конг се зголеми на 160, уште шестмина се водат за исчезнати

Бројот на жртви во пожарот што минатата недела уништи седум облакодери во Хонг Конг се искачи на 160, соопшти локалната полиција, додавајќи дека уште шест лица се водат како исчезнати.

Бројот на жртвите од пожарот во Хонг Конг се зголеми на 160, уште шестмина се водат за исчезнати

Полицискиот комесар изјави дека следната фаза од работата на локацијата ќе вклучува отстранување на скелињата за да се бараат тела, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Најлошиот пожар во Хонг Конг во последните 17 години го зафати висококатниот станбен комплекс Ванг Фук Корт на 26 ноември.

Пожарот започнал и се проширил од бамбусови скелиња поставени околу зградите како дел од планот за реновирање на Ванг Фук Корт, објави кинескиот весник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац.

Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес.

Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје.

Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плутон го губи статусот на планета

Плутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно.

Плутон го губи статусот на планета

На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем.

Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија.

По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел.

Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем.

На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон.

Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти.

Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер