3 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.333Бројот на жртви од земјотресите што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.333, а 16.740 се повредени, изјави претседателот на Националното собрание и раководител на привремените кампови, Хорхе Родригез.Тој рече дека 315 лица сè уште не се идентификувани меѓу жртвите, додека 6.462 лица се спасени од урнатините, а околу 17.000 жители останаа без покрив над главата. Родригез нагласи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат. „Додека има живот, има надеж. Сè уште имаме едно или две места каде што ситуацијата останува неизвесна, каде што активно бараме преживеани“, рече тој на својата последна прес-конференција. Родригез објави дека вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, ќе ги додели првите 200 станови на ранливи семејства следната недела. Според официјалните бројки, оштетени се 856 згради, од кои 190 се целосно уништени или претрпеле сериозни структурни оштетувања. Властите проценуваат дека се потребни околу 25.000 станбени единици. Идентификувани се околу 40 локации со вкупна површина од околу 584.000 квадратни метри за изградба на нови населби во областите Осма и Чуспа. Како дел од дневниот извештај, Родригез изјави дека 86.794 семејства добиле помош и дека се дистрибуирани 9.766 тони храна и 16.617.508 литри вода. Дополнително, претседателот на венецуелскиот парламент изјави дека се поставени 94 привремени кампови за да се помогне на населението погодено од земјотресите, кои предизвикаа 1.202 последователни потреси. Тој, исто така, истакна дека медицинска помош им е пружена на 31.193 пациенти. Родригез на прес-конференција изјави дека 91 процент од пациентите погодени од земјотресот кои се лекуваат во меѓународни теренски болници или национални болници веќе се отпуштени и се надвор од опасност. Тој, исто така, рече дека 2.422 меѓународни спасувачи остануваат во земјата за да соработуваат во спасувачките напори, додека 31.837 национални спасувачи се распоредени во различни бригади во земјата. Извор: Б92Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп одби да го поддржи Нетанјаху на претстојните избори Американскиот претседател Доналд Трамп се воздржа од поддршката за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нов мандат пред изборите што ќе се одржат во Израел на 27 октомври. Во интервју објавено денес, Трамп избегна директна поддршка на својот долгогодишен сојузник. Избегнување на директна поддршка Кога списанието TIME го праша дали Нетанјаху треба да добие уште еден мандат, Трамп одговори: „Сè што можам да кажам е дека повеќе не сум во политиката, освен што сме популарни...“. Кога новинарите го повторија прашањето, тој повторно избегна јасен одговор. „Не, најважно за мене е да помогнам во одбраната на Израел“, рече тој во интервјуто во понеделник. Наместо тоа, Трамп се осврна на сопствениот углед меѓу израелската јавност и тврдеше дека неговата популарност таму достигнува „околу 99 проценти“ благодарение на потезите од неговиот мандат. Коментар за изборите На прашањето дали Вашингтон може поефикасно да соработува со кандидатот на опозицијата и поранешен началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, Трамп рече дека „не слушнал ништо лошо за него“. Сепак, тој предупреди дека Нетанјаху не треба да биде отпишан прерано. „Луѓето го отпишаа Биби многу, многу пати, исто како што ме отпишаа мене многу пати“, рече Трамп, додавајќи: „Не би го потценил Биби“. Односите меѓу Трамп и Нетанјаху наводно се затегнале во последните месеци. Како причини се наведуваат војната во Иран и продолжувањето на израелските воени операции во Либан и Газа.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Шоу бизЏим Кери се венча со партнерката Мин Ах (ВИДЕО)Џим Кери се ожени. Портпаролот на 64-годишниот актер потврди за People дека се венчал со партнерката Мин Ах. Тие се венчаа седум месеци откако се појавија заедно на наградите Цезар во Франција. На церемонијата, Кери ја нарече Мин Ах негова „прекрасна партнерка“ во говорот што го одржа целосно на француски. „Благодарам на моето прекрасно семејство, ќерката Џејн и внукот Џексон. Ве сакам сега и засекогаш. Благодарам на мојата прекрасна партнерка, Мин Ах“, рече тој на француски додека публиката со овации ја поздравуваше неговата ќерка, внука и партнерката. „Те сакам, Мин Ах. И конечно, му благодарам на најдуховитиот човек што некогаш сум го познавал - татко ми Перси Џозеф Кери, кој ме научи на вредноста на љубовта, дарежливоста и смеата“. „Имам доволно“ Ѕвездата на „Ајс Вентура“ е познат по тоа што ретко зборува за својот приватен живот. Во април 2022 година, додека го промовираше Sonic the Hedgehog 2, тој во интервју за Access Hollywood рече дека размислува да се повлече од актерството за да ужива во потивок живот. Кога водителот Кит Хувер го прашал дали е сериозен, Кери одговорил: „Јас сум прилично сериозен“. „Зависи“, објасни тој. „Ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило и ми кажат дека тоа е нешто што ќе биде навистина важно за луѓето да го видат, можеби ќе продолжам да глумам. Но, засега, паузирам“. Тој рече дека го цени животот подалеку од очите на јавноста, каде што може да слика и да поминува време со своето семејство. „Навистина ми се допаѓа мојот мирен живот, сакам сликање и ми се допаѓа мојот духовен живот. Се чувствувам како да имам доволно, а тоа е нешто што можеби никогаш повеќе нема да го слушнете од славна личност“, изјави тој. Претходни врски и бракови Кери претходно беше во врска со колегата од „Kidding“ Џинџер Гонзага. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во јануари 2019 година, а потоа портпаролот на актерот потврди за People дека се во врска. Во октомври истата година, Us Weekly објави дека раскинале по помалку од една година. Актерот претходно беше во брак со Лорен Холи, со која глумеше во филмот „Dumb and Dumber“, од 1996 до 1997. Беше во брак со својата прва сопруга Мелиса Вомер, со која ја има ќерката Џејн од 1987 до 1995 година. Тагови: Џим Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
ЕвропаРусите го погодија Институтот за нуклеарни истражувања во Киев Руски дрон вчера ги погоди просториите на Институтот за нуклеарни истражувања во Киев. Според соопштението на Државниот инспекторат за нуклеарна регулација на Украина, истражувачкиот нуклеарен реактор што се наоѓа таму не е оштетен. Нападот се случил во 18:18 часот, објави Институтот за нуклеарни истражувања на Националната академија на науките. По ударот, избувнал пожар, кој брзо бил изгаснат. Во нападот немало жртви, а истрагата и проценката на штетата се во тек. Реакторот е безбеден и надвор од употреба Во извештајот се наведува дека самиот реактор и безбедносните критични системи не се оштетени. Нивоата на позадинското зрачење не се промениле и останале во рамките на природните вредности, од 0,16 до 0,20 микросиверти на час. Реакторот бил исклучен во февруари 2022 година со цел да се намалат радиолошките ризици, а потоа неговото јадро било целосно испразнето. Неговата работа во моментов е ограничена на редовно одржување на безбедносните системи. Научници: Нападот е воено злосторство Реакторот VVR-M нормално служи како извор на неутрони за фундаментални и применети истражувања во областа на нуклеарната физика. Затоа, научниците нагласуваат дека нападот врз областа на Институтот е всушност напад врз мирновременски нуклеарен објект кој се користи исклучиво за научни цели. Тие веруваат дека ова е уште еден пример за циничното непочитување на Русија кон меѓународно признатите принципи за нуклеарна безбедност и дека претставува воено злосторство.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook