Бројот на жртви од новиот коронавирус во Кина достигна 1.765 луѓе

Бројот на жртвите од новиот коронавирус во Кина се искачи на  1.765 луѓе откако во провинцијата Хубеи вчера беа регистрирани  105 нови жртви.

Бројот на новите случаи на зараза во Хубеи достигна 1.933 луѓе, мало зголемување по три последователни падови на таа цифра. Вкупно во кина се заразени најмалку 17.400 луѓе.

Вон Кина се потврдени речиси 600 случаи на заразени во 30-на држави, но има само пет смртни случаи – по еден во Хонг Конг, Тајван, Јапонија, Филипини и Франција.

Билатерална средба на министерот Нуредини со неговиот грчки колега Скрекас

Една од главните теми за разговор беше алармантното ниво на водите во Преспанското Езеро за што беше договорена посебна трилатерална тематска средба на високо ниво помеѓу Република Албанија, Република Грција и Република Македонија,.

При посетата на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на Атина, во рамки на Делфи Економик Форумот, тој оствари билатерална средба со неговиот грчки колега, министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас.

На средбата беа отворени клучните прашања од областа на животната средина од заеднички интерес, при што двајцата министри се заложија за посебна поддршка на општините во прекуграничниот регион за ефикасно искористување на прекуграничните ЕУ програми при аплицирање со конкретни заеднички проекти.

Една од главните теми за разговор беше алармантното ниво на водите во Преспанското Езеро за што беше договорена посебна трилатерална тематска средба на високо ниво помеѓу Република Албанија, Република Грција и Република Македонија, односно отпочнување на работата на Преспа Парк комитетот во средината на јуни. Номинираните лица од трите земји во работните групи на техничко ниво до тогаш ќе ги обезбедат потребните податоци за нивно разменување и анализа на планираната средба.

Покрај Преспанското Езеро, беше разговарано и за подобро заедничко управување со водите на Дојранското Езеро и унапредување на користењето на водите за земјоделските потреби, како и планираните заеднички проекти за реката Вардар.

Грчкиот Министер изрази подготвеност за поддршка во подготовката и хармонизацијата на нашето законодавство со барањата на ЕУ, како и остварување на заеднички проекти во областа на управувањето на отпадот и примена на принципот на циркуларност.

Ин Мемориам: Почина македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски

Oд компликации предизвикани од Ковид–19 почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски.

Трајчевски е роден 1954. година во Штип. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител во 1988 година.

Автор е на повеќе од 200 песни од различни жанрови, има над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија.

Во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови денеска времето во северните и северноисточните делови на земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира Управата за Хидрометеоролошки работи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер и појава на град.

Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата се очекува и в сабота, но и намалување на дневните температури.

притисни ентер