Бројот на жртви на корона вирусот достигна 9, вирусот мутира и е адаптибилен

Од 7 јануари и официјално СЗО потврди дека сомнителните респираторни случаи во Кина регистрирани во средината на декември се должат на нов корона вирус.

Досега во Кина од новиот корона вирус се починати 9 лица и има 440 заразени. Вирусот ги напаѓа белите дробови, се пренесува од човек на човек и она што ги загрижува здравствените власти е што е утврдено дека новиот вирус мутира и се адаптира.

Според СЗО се работи за зоонозен вирус односно вирус кој првично се појавил и се ширел кај животните. Првичната појава во Кина е регистрирана во градот Вухан од пазар за риба и месо. Новиот вирус засега се шири изненадувачки брзо. Најчесто ги зафаќа постарите лица но веќе е забележан и заразен медицински персонал. Регистриран е во Пекинг и Шангај а веднаш потоа и во Тајланд, Јапонија Јужна Кореја и САД.

„Жител на Вашингтон, маж во своите триесетти години од Ноември до 15ти Јануари престојувал во Вухан Кина и на 20ти Јануари е потврдено дека е носител на новиот корона вирус. Тој е веднаш хоспитализиран и можам да кажам дека сега е во добра здравствена состојба“ .

Светската здравствена организација за денеска закажа состанок на одборот за итни случаи за да ги разгледа заштитните мерки и да процени дали епидемијата во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Азиските земји и другите делови од светот веќе воведуваат проверка на телесната температура по аеродроми, железнички станици и автопатите. Северна Кореја пак целосно ги затвори границите за сите туристи.

Според дел од светските експерти новиот вирус не е толку смртоносен како што беше корона вирусот САРС кој во епидемијата во 2003 година однесе 800 човечки животи.

Турското ГП би можело да се врати во календарот на Формула 1 за две години

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека земјата повторно може да биде домаќин на трка во Формула 1. Според него, тоа ќе се случи во 2026 година.

Последен пат турско Гран при се одржа како дел од Светскиот шампионат во кружни трки во сезоната 2021 година.

- Тендерот за управување на патеката Формула 1 во Истанбул се одржа на почетокот на април и беше успешно завршен. Сега преминавме на втората фаза. Претходниот закупец мора да го ослободи просторот и да го предаде на победникот. По ова, процесот на склучување договор за одржување на Гран при во Истанбул од 2026 година ќе продолжи брзо, изјави Ерсој за „Milliyet“.

Се истакнува дека тендерот за изнајмување и контрола на објектот „Истанбул Парк“, во кој е вклучена и тркачката патека, се одржал на 2 април. Го освои Кан Билим Егитим Курумлар А.С., чиј партнер е шефот на управниот одбор на турскиот огранок на Пирели, Лале Џандер.

Првата етапа во Турција во рамките на Формула 1 се одржа во 2005 година. Во 2021 година се одржа од 8 до 10 октомври. Победи Валтери Ботас со Мерцедес, Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, а Серхио Перез трет. /МИА

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

притисни ентер