Бројот на заразени од коронавирус во Африка надмина 230 000

Повеќе од 6.000 смртни случаи поврзани со коронавирус се регистрирани од почетокот на пандемијата во африканските земји, а вкупниот број на потврдени случаи е повеќе од 230.000.

Вкупниот број на случаи со ковид- 19 во Африка моментно е 230.454. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус е 6.221, при што во последните 24 часа се регистрирани 201 смртни случаи.

Закрепнати се 105.000 пациенти, јавува ТАСС.

Јужноафриканската Република има најголем број случаи во Африка, 65.736, со 1.423 смртни случаи. Следува Египет со 1.422 жртви и Алжир со 760.

Во субсахарска Африка, Нигерија е на второ место по Јужноафриканската Република по бројот на случаи на коронавирус (15.118 заразени и 399 смртни случаи). Следува Гана (11.111 инфекции и 48 смртни случаи).

Многу африкански земји продолжуваат да ги олеснуваат мерките, но своите надворешни граници ги држат затворени. Забраните за влез остануваат во сила во 43 од 54 африкански држави.

Безос веќе не е најбогат на светот, го престигна францускиот милијардер Арно

Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот.

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акциите на Амазон минатата недела нагло паднале за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на Французинот Бернар Арно да го заземе првото место на листата на најбогатите. Арно го води конгломератот за луксузни производи LVMH, чии подружници се Louis Vuitton, Sephora, Moet & Chandon и Tiffany & Co.

Арно го зголемил своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата. Нето богатството на Арно во понеделникот изнесувало 195,8 милијарди долари , наспроти 192,6 милијарди долари на Безос.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек вреден над 200 милијарди долари, бидејќи Амазон имаше огромни добивки од пандемијата. Двајцата милијардери се бореле за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната трка на Безос за врвот. Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

Град Скопје испраќа противпожарни единици за справување со пожарите

А на помош за справување со пожарот во Пијанечко-малешевскио регион испратени се и екипи од противпожарните екипи во Скопје.

Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов за Канал 5 изјави дека доколку има потреба ќе бидат испратени дополнителни пожарникари и опрема. Тој се надева дека пожарот во пехчевско ќе биде наскор изгаснат , како што беше случајот со оној во близина на Кочани пред два дена.

3 екипи пожарникари со 3 возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со 3 цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите.

Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник.

Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни, одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на пет километри пред влезот на Пехчево.

Во моментот најзагрозено е подрачјето пред влезот на Пехчево каде е забележлив густ чад.

притисни ентер