Од почетокот на пандемијата на коронавирус, 1.184.057 луѓе починале во светот, додека 32.896.925 се опоравиле, според оваа страница.
Има активни 11.126.669 случаи, од кои еден процент, или 82.230, се во критична состојба.
Соединетите држави продолжуваат да водат по бројот на пациенти и смртни случаи, со потврдени 9.175.543 случаи и 233.745 жртви.
Следат Индија со повеќе од осум милиони пациенти, Бразил со над 5,4 милиони заразени, Русија со над 1,5 милиони случаи, Франција и Шпанија со над 1,2 милиони и Аргентина и Колумбија со повеќе од милион заразени.
Другите земји имаат помалку од милион регистрирани случаи на коронавирус.