И оваа недела се зголемува бројот на заболени од грипот, каде што се забележани нови 5600 случаи, односно за 74 проценти е поголем бројот од минатата недела, велат од Институтот за јавно здравје.
Тие додадоа дека интезитетот е е во постојан раст и дека е распространет низ цела земја, каде што 28 единици пријавиле активност на грипот.
Денеска состанок оддржува и комисијата за заразни болести, на која веројатно ќе се одлучи децата од основните училишта, кои се најбројни помеѓу заболените од грип, да продолжат да ја посетуваат наставата.
Министерот за образование Арбр Адеми, вели дека властите будно ја следат ситуацијата и дека ќе реагираат согласно на околностите.
Засега хоспитализирани се 60 пациенти од кои 24 се деца, кои се сместени на детската клиника, но ниту еден од пациентите не е во животна опасност
Во моментов на животна опасност од вирусот е еден, 38 годишен пациент, кој е животозагрозувачка состојба и е на механичка вентилација на клиниката за ифективно лекување.
Оваа сезона од компликации на грипот починаа тројца пациенти, едно девојче од 14 години и двајца повозрасни од 50 и 86 години кои претходно имале хронични заболувања.