ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија
2ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветБројот на регрути во германската армија годинава е зголемен за 28 проценти, целта е да се исполнат НАТО стандардите Бројот на регрути во германските вооружени сили се зголемил за 28 проценти од јануари до крајот на јули оваа година, во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.Министерството за одбрана соопшти дека повеќе од 13.700 луѓе се приклучиле на Бундесверот - армијата, воздухопловните сили, морнарицата и другите сили - во тој период, што, според него, е најбрз раст во последните години, објавува Ројтерс. Германија сака да има 260.000 активни војници до 2030-тите, во споредба со 183.000 сега, за да ги исполни новите цели на силите на НАТО и да ја зајакне својата одбрана, дел од планираното зголемување на воените трошоци, поддржано од одлуката од оваа година за ублажување на буџетските ограничувања, соопшти агенцијата. Министерството соопшти дека интересот за приклучување кон вооружените сили исто така се зголемил, при што првичните консултации се зголемиле за 11 проценти, а апликациите се зголемиле за осум проценти, додека апликациите во цивилниот сектор скокнале за 31 процент. Германија ја укина задолжителната воена служба во 2011 година, оставајќи ја без систематски регистар на потенцијални регрути. Од следната година, владата планира да им наложи на сите мажи што наполнуваат 18 години задолжително да пополнат дигитална анкета за нивниот интерес за приклучување кон војската.Тагови: армијатат НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во МакедонијаДодека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика. Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења. Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција. Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108. Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора. И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард. Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат. Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти. Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување. Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта. Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа. Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook