Бројот на лица опфатени со истрагата за несреќата во Кочани не е конечен, најави Тошковски - Канал 5

Бројот на лица опфатени со истрагата за несреќата во Кочани не е конечен, најави Тошковски

Со истражната постапка што МВР ја спроведува во врска со несреќата во Кочани досега се опфатени вкупно 26 лица. 

Бројот на лица опфатени со истрагата за несреќата во Кочани не е конечен, најави Тошковски

Но, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска пред медиумите истакна дека тоа не е конечна бројка, односно дека како ќе тече истрагата ќе биде покрената истражна постапка против секое лице за кое ќе биде утврдено дека со постапување односно непостапување придонело да биде сторено кривично дело.

- За секој еден за кој ќе биде утврдено било какво дејствие со кое е сторено какво било кривично дело, без оглед дали за дејствие на презвземање или пропуштање, ќе бидат преземени соодветни постапки од МВР, во соработка и координација со надлежното Јавно обвинителство, рече Тошковски.

Тој рече дека во врска со конкретниот кривичен настан што се случи во Кочани се разгледува огромна документација, во истрагата се вклучени голем број експерти, како од Обвинителството така и од истражните тимови на МВР.

- Списокот нема да биде затворен, согласно инидициите што секојдневно ги отвораме. Јавноста мора да знае дека уништувањето поврзано со корупција, непрофесионалност, незаконитост, во континуитет не има доведено каде и да копнеме, излегуваат трули работи, рече министерот Тошковски.

Тој уште истакна дека со темелна истрага, со максимална посветеност ќе се работи за да се дојде до нормализирање на состојбите во сите области на општеството, со повикување на директна одговорност за секој субјект за кој биде утврдено дека е исполнител на кривично дело, независно дали до истото дошло со сторување или несторување, од аспект на дејствие.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

 Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.

Мицкоски за посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

-Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источнн сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.

Мицкоски кажа и дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.

Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.

Целта на посетата на Кошта на регионот е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. - Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластувања од член 353 од Кривичниот законик.

Имено, постапувајќи по жалба на правното лице, Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел решение со кое ја преиначил одлуката на судијата на претходна постапка и дозволил одмрзнување на паричните средства, а во замена е определена мерка – забрана за располагање и оттуѓување на недвижен имот и моторни возила во сопственост на правното лице.

За одлуката на Кривичниот совет на битолскиот суд, ОЈО Битола ниту беше известено, ниту имаше право на жалба. Одлуката за одмрзнување на паричните средства била донесена дури 2 месеци по изјавената жалба на правното лице и на истиот ден кога Основното јавно обвинителство Битола во Судот поднесе обвинение против 10 лица за злоупотреби при јавни набавки за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола преку кои постои сомнение дека била стекната значителната имотна корист. Со обвинението се предлага одземање на таа корист доколку биде донесена осудителна пресуда.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола смета дека со донесеното решение на Кривичниот совет за одмрзнување на паричните средства се оневозможува односно се прави целосно неизвесна идната евентуална конфискација на овие парични средства како директна имотна корист од кривичното дело.

Уште повеќе што со преиначување на првично определените мерки Судот дозволил во замена за паричните средства да биде замрзнат имот – една парцела во индустриска зона и 37 возила за кои воопшто не постои доказ дека се стекнати по извршување на кривичното дело или дека имотната корист била употребена за нивна набавка. Станува збор за возила од кои повеќето се произведени во 2007 и 2008 година, а дел и во 90-тите години од минатиот век што никако не упатува дека биле предмет на кривично дело кое согласно обвинението било извршено во 2022 и 2023 година.

Од тие причини ОЈО Битола итно реагираше по дознавањето за оваа одлука, ги извести Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање и веднаш достави нов предлог до Судот за обезбедување на имотната корист додека трае постапката. Судечкиот судија во предметот го прифати предлогот и донесе решение одново да ги замрзне паричните средства на сметката на РУД-КОП, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

 Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен).

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Утре, како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 километри на час), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а.дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Во Скопје, во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер. Во деновите од викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.

притисни ентер