Бројот на граѓани заразени со грип оваа зима е највисок во последните 15 години - Канал 5

Бројот на граѓани заразени со грип оваа зима е највисок во последните 15 години

За 15,4% има помалку заразени од грип во однос на минатата недела. 

Бројот на граѓани заразени со грип оваа зима е највисок во последните 15 години

Пикот на грипот опаѓа но оваа година во однос на минатата 14 години може да се каже дека овој период на болни е грип е највисок, објаснуваат од институот за јавно здравје. Една жена починала од последици од грип на клиниката за пулмологија.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.465 лица се на возраст од 15-64 години, 550 кај деца на возраст од 5-14 години, Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, а кај децата од 5-14 години инциденцата изнесува 256,0/100.00.

Епидемиолозите со најава дека бројките ќе се намалуваат во текот на наредниот период, но остануваат препораките болните да седат дома и да се внимателни хронично болните граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Патнички брод со над 250 туристи се преврте во близина на Кипар (ВИДЕО)

Патнички брод на компанијата „Фило Џет“, кој превезувал повеќе од 250 патници, се превртел кратко по отпловувањето од пристаништето Гирне (Киренија) во северен Кипар, објавија локалните и турските медиуми.

Патнички брод со над 250 туристи се преврте во близина на Кипар (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и јавни работи на Северен Кипар, Ерхан Арикли, изјави дека на фериботот имало вкупно 267 лица - 259 патници и осум членови на екипажот. Градоначалникот на Киренија Гирне, историски пристанишен град кој се наоѓа на северниот брег на островот Кипар, Мурат Сенкул, за CNN Turk изјави дека се спасени 159 патници.

Бродот го напуштил пристаништето Гирне околу 12:30 часот по локално време кон турското пристаниште Ташуч во јужната покраина Мерсин, но кратко по напуштањето на пристаништето, од причини кои сè уште не се утврдени, одеднаш се нашол во вода само два до три километри од брегот.

Дел од патниците скокнале во морето, другиот дел чека спасување на превртениот труп

Откако бродот почнал да тоне, капетанот упатил повик за помош, а очевидци наведуваат дека некои патници скокнале директно во морето во паника. Голем дел од жртвите успеале да се искачат на превртениот труп на бродот каде што чекале да пристигнат спасувачите.

На местото на несреќата е во тек обемна спасувачка операција во која учествуваат бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни бродови и локални рибарски бродови кои веднаш дошле на помош.

Голем број амбулантни возила се во готовност на брегот за да им пружат медицинска помош на жртвите штом ќе бидат префрлени на копно. Турските медиуми јавуваат дека има повредени патници, но властите сè уште не ја потврдиле точната бројка на жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски пресврт: Венецуела им дозволи на Американците да ги користат 25 години нивните нафтени полиња

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денес изјави дека енергетскиот договор со САД ќе биде во сила следните 25 години.

Историски пресврт: Венецуела им дозволи на Американците да ги користат 25 години нивните нафтени полиња

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денес изјави дека енергетскиот договор со САД ќе биде во сила во следните 25 години, со кој е договорено зголемување на производството на сурова нафта и задржување на суверенитетот на земјата над природните ресурси, истакна таа.

„Историски договор“

Родригез вели дека ова е историски договор што ќе помогне во оживувањето на економијата и зголемувањето на владините приходи.

Овој 25-годишен билатерален проект вклучува развој на 17 стратешки нафтени полиња, со цел да се има производство од повеќе од 1,5 милиони барели дневно. Таа бројка се однесува исклучиво на билатералниот договор меѓу Венецуела и САД“, рече Родригез на државната телевизија.

Трамп: Обезбедивме мнозинска контрола врз нафтените резерви на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека САД, преку партнерства со приватни компании, обезбедиле мнозинска контрола врз нафтените резерви на Венецуела, кои надминуваат 65 милијарди барели. САД на тој начин ќе ја рестартираат мртвата енергетска индустрија на таа јужноамериканска земја, рече тој, а новиот извор на сурова нафта ќе помогне и во намалувањето на цените на горивата во САД.

Венецуела е земјата со најголеми резерви на нафта во светот. Сепак, по години недоволно инвестирање, лошо управување и санкции, нејзиното производство е 1,25 милиони барели дневно, под нејзиниот потенцијал.

Родригез истакнува дека договорот со САД би можел да ѝ донесе на земјата 209 милијарди долари приходи, според пресметка во која цената на барелот била 65 долари.

Протести против Американците

Дополнително, тој забележува дека Венецуела го задржала сопствеништвото и суверенитетот над своите природни ресурси, а во исто време „користи капитал, технологија и оперативна експертиза за да ја обнови стратешката индустрија која е силно погодена од санкциите“. Претходно, неколку провладини групи се собраа во главниот град Каракас за да протестираат против присуството на САД во Венецуела.

Венецуелските власти планираат да потпишат договор следната недела со кој ќе им се дадат на неколку компании, вклучително и на американските, права за истражување и производство на нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)

Новиот електричен Mercedes-AMG CLA 45 постави рекорд во класата на патеката во Нирбургринг претходно овој месец, со време на круг од 7:32.070. 

И првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)

Го напојуваат три електрични мотори со вкупна моќност од 671 КС и 1759 Nm вртежен момент, што го прави сосема различен концепт од неговиот претходник. Meрцедес вели дека автомобилот, и покрај преминувањето на електричен погон, сепак е забавен за возење.

Обидувајќи се да го задржи чувството на V8

Следејќи го примерот на претходно презентираниот електричен AMG GT 4-Door, Mercedes-AMG се обиде да ги зачува карактеристиките на своите автомобили со класични мотори во моделот CLA 45. Ова се постигнува со симулирање на менување брзини и звучно поле кое во основа имитира 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор. Сепак, шефот на Mercedes, Ола Калениус, неодамна откри дека системот може да го реплицира и звукот на V8 мотор.

„Првото возење на моделот CLA 45 со тој систем беше вистинско откритие за мене“, изјави Калениус за Autocar. „Тоа беше најдобриот V8 мотор што некогаш сум го возел: дава целосен V8 изглед, но со поголема моќност и вртежен момент.“

Интересно е што Mercedes-AMG не ја спомена можноста за звук на V8 на премиерата на автомобилот, туку само репликација на четирицилиндричниот мотор. Новите AMGForce „тресечи“, елементи вградени во предните седишта што произведуваат вибрации и на тој начин ја имитираат работата на класичен мотор, даваат дополнителна димензија на искуството. И покрај напорот, останува отворено прашање дали ова е навистина „најдобриот V8“ што го возел Калениус.

Перформанси и технички податоци

Новиот електричен CLA 45 забрзува до 100 km/h за 3,0 секунди, а со пакетот AMG Dynamic Plus достигнува максимална брзина од 270 km/h. Опремен е со батерија со капацитет од 94 kWh, што според WLTP стандардот овозможува опсег од 670 километри.

Варијантите CLA 200 (272 КС), 250+ (272 КС) и 350 4Matic (352 КС), сите почнувајќи од 49.090 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер