Броење јаглехидрати, едукативни игри и активности за лица со дијабет денеска во Градскиот парк - Канал 5

Броење јаглехидрати, едукативни игри и активности за лица со дијабет денеска во Градскиот парк

Настанот, како што најавуваат организаторите, е замислен како интерактивен собир на лица со дијабетес ТИП 1, особено млада популација до 25 години и преку комуникација да се потсети на основните постулати при секојдневното живеење со дијабетес.

Броење јаглехидрати, едукативни игри и активности за лица со дијабет денеска во Градскиот парк

Градење на дијабетес култура и подигнување на свесноста за тоа како живеат лицата со дијабет, како да им се помогне кога е потребно и како да бидат дел од нашата заедница на исто ниво како и сите други има за цел едукативен настан што под мотото „СЕ ЗА НАС – ЗА НАС“ ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Сојузот на здруженија на Дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „АЛЕГРИЈА“.

Настанот, како што најавуваат организаторите, е замислен како интерактивен собир на лица со дијабетес ТИП 1, особено млада популација до 25 години и преку комуникација да се потсети на основните постулати при секојдневното живеење со дијабетес.

Преку поставени штандови со корпи и обучени лица секој ќе може да се потсети колку јаглехидрати содржи секое овошје или зеленчук, низ едукативни игри и активности соодветни за лицата со дијабет младите лица ќе може да се едуцираат за тоа која активност како влијае на нивото на шеќерот и како да се направи соодветно регулацијата на истиот, а ќе има и специјално поставени штандови со глукомери и ленти за мерење на нивото на шеќер во крвта.

Дополнително, како што најавуваат, ќе се делат и флаери со информација за видовите на дијабетес ТИП 1 , ќе се дава едукација како да се препознаат истите, што е тоа инсулин, што се CGM апарати, а ќе се даваат и насоки и разговори за дестигматизирање на дијабетот и лицата со дијабет.

Настанот, како што информираат организаторите, е поддржан од средства финансиран од Global Found Tip 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. 

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.

Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.

Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.

Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.

Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.

Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.

Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг?

Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?

Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.

Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.

Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

И третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите.

Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници.

Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана.

Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања.

Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата.

Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата.

Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции.

Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат.

Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер