Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
2Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
3Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
СветБродот што удри во мост во Балтимор, учествувал во инцидент и во Белгија пред 8 годиниКонтејнерскиот брод Дали, кој удри и го урна мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, бил вклучен и во инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година, соопшти денеска пристаништето во Балтимор.Бродот Дали е сопственост на данската компанија Maersk и утринава исплови за Шри Ланка, пренесува Reuters. Долг е 289 метри и пловел под знамето на Сингапур, пренесоа американските медиуми, наведувајќи дека нема повредени меѓу членовите на екипажот. Бродот Дали рано утринава удрил во еден од потпорните столбови на мостот, по што металната конструкција се урнала во реката Патапско, а најмалку седум автомобили паднале во водата. Мостот Френсис Скот Ки е изграден во 1972 година и е долг околу три километри и има четири сообраќајни ленти лоцирани на 56 метри над реката. Отворен е за сообраќај во 1977 година и го добил името по Френсис Скот Ки, кој ја напишал американската химна во 1814 година, прославувајќи ја американската победа над Британците во битката кај Балтимор. Според податоците на Транспортната управа во Мериленд, годишно преку овој мост поминуваат 11,3 милиони возила. Градските власти на Балтимор објавија дека најмалку седум возила со околу 20 луѓе паднале од мостот во реката Патапско, а едно лице е тешко повредено. Си-Ен-Ен објави дека извршниот директор на округот Балтимор Џони Олшевски потврдил дека започнале спасувачките операции со нуркање. „Со изгрејсонце конечно можеме да започнеме со нуркачки операции. За жал, не можевме порано“, рече Олшевски. Властите на округот Балтимор соопштија дека истрагата за тоа што се случило е во тек, истакнувајќи дека фокусот е на потрагата и спасувањето на преживеаните. Полицијата во Балтимор соопшти дека нема индикации дека станува збор за терористички акт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаБелгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на МаскБелгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“. Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск. „Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа. 🔴 Belgium opens Europe's largest satellite factory; Iris2 production planned for end of 2028 Belgium's King Philippe inaugurated a satellite factory in Charleroi on Tuesday, run by Belgian firm Aerospacelab. The facility will produce satellites for the EU's Iris2 constellation, which aims to rival Starlink. Aerospacelab secured a €2.4 billion contract in September to manufacture 264 of the 348 satellites planned for Iris2. The factory has annual production capacity of roughly 500 satellites and spans approximately 20,000 square metres. — NewsTongue (@NewsTongueX) November 25, 2026 Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво. Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“. Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година. Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од КлековскиСо Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат. Онколошките пациенти повторно се без терапија - по кој знае кој пат откако е криминалната ВМРО-ОКГ на власт. Го нема лекот „паклитаксел“. Пациентите повторно се враќаат дома, без потребната терапија и тоа со информација, дека лекот ќе го нема до Нова година. До Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи. Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски. Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста. Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година. Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски. Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните. Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот. Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати - ама имаат за нивните партиски тендери. Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик. Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен - без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување. За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека! Изјава за медиуми, Елена Радеска – Комисија за здравство СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банкаНа денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка. „Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова. Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка. Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност. „Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00