Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветБрод со 90 мигранти потона меѓу Малезија и Тајланд, исчезнаа уште два бродаМалезиските власти започнаа спасувачка операција откако брод со 90 мигранти потона меѓу Малезија и Тајланд пред три дена, при што загина најмалку едно лице, а два други брода со околу 200 патници се водат како исчезнати.„Досега се пронајдени 11 лица, вклучувајќи едно тело“, изјави Ромли Мустафа, директор на поморскиот оддел на северната држава Кедах, предупредувајќи дека на море може да се најдат уште жртви. Несреќата се случила во близина на тајландскиот остров Тарутао, северно од Лангкави, малезиска туристичка област. Три брода што превезувале мигранти биле во опасност Бродот наводно се превртел пред три дена, изјави за локалните медиуми регионалниот началник на полицијата Адзли Абу Шах. Според весникот „Слободна Малезија Тудеј“, повикувајќи се на началникот на полицијата, уште два брода со приближно ист број патници се водат како исчезнати. Адзли Абу Шах рече дека првичните истраги покажале дека група од 300 нелегални мигранти од Бурма прво се качиле на голем брод што ги однел во близина на Малезија, и кога се приближиле кон границата, им било наредено да се поделат на три помали брода, секој со по 100 лица. Потврдената жртва е жена од заедницата Рохинџи, кои се прогонувани во Бурма. „Ситуацијата со другите два брода е сè уште непозната“, изјави Адзли, цитиран од „Њу Стрејтс Тајмс“, додавајќи дека поморските власти започнале операции за пребарување и спасување. Опасни рути и трговија со луѓе Малезија прима милиони мигранти од најсиромашните земји во Азија, многу од нив без документи, кои работат во градежништвото или земјоделството. Таквата миграција, олесната од организациите за трговија со луѓе, често е опасна и може да заврши со бродоломи. „Организациите за шверц стануваат сè поактивни, ги експлоатираат мигрантите и ги прават жртви на трговија со луѓе, принудувајќи ги да користат морски патишта со висок ризик“, рече Ромли Мустафа. Според локалните медиуми, овие групи наплаќаат помеѓу 2.765 и 3.025 евра за премин во Малезија. Бродовите често се лошо одржувани, немаат елеци за спасување, а многу од нивните патници не можат да пливаат.Тагови: брод мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаПревентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓанитеДенеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“. Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас. Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветСе појавува нов план: Канада сака „влезница“ за ЕУКанадскиот премиер Марк Карни сака поблиски врски со Европската Унија и ја разгледува можноста неговата земја да стане „придружна членка“ на блокот, објави денес американскиот весник „Волстрит џурнал“.ЕУ, која во минатото не покажа флексибилност кога станува збор за правилата за членство, е отворена за идејата за доделување статус на придружна членка на Канада, кој сè уште не е дефиниран, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ и Канада. Канадската амбасада во Брисел и портпаролите на Европската комисија не одговорија на конкретните барања за коментар, објави „Ројтерс“. Ескалацијата на трговската војна на Канада со САД го забрза стратешкиот пресврт на земјата кон други трговски партнери. Односите меѓу Канада и Вашингтон нагло се влошија откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради несогласувања околу трговијата и други прашања, потсетува агенцијата. Трговскиот спор доведе до воведување царини на десетици милијарди долари во прекугранична трговија. Канада и ЕУ разгледуваат начини да овозможат слободно движење на канадски стоки, услуги и работници ангажирани во стратешки синџири на снабдување, како што се енергетиката, вештачката интелигенција, одбраната и критичните минерали, што, всушност, би ја поместило границата на ЕУ, објави „Волстрит џурнал“. Весникот додаде дека двете страни разговараат и за поставување подводни кабли, заедничка изградба на центри за податоци, капацитет за складирање во облак, како и нови сателитски мрежи и инфраструктура за транспорт на канадски енергетски производи во ЕУ. Карни постојано разговарал со неколку лидери на ЕУ, а особено со францускиот претседател Емануел Макрон, за можноста да им се дозволи на Канаѓаните да живеат и работат во ЕУ без визи, објави весникот, повикувајќи се на двајца неименувани функционери запознаени со ситуацијата. Двајцата лидери треба да се сретнат подоцна овој месец. Извор: Б92Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопНеделен хороскоп за 14. до 21. септември 2026 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник 14. до 21. спетември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако сакате да освоите некого , бидете подискретни. Ако сте во врска премолчете ја критиката кон партнерот. Другиот дел на неделата ви носи подобри љубовни шанси , но се уште нес е такви за да може да се размавтате. Одете чекор по чекор , па резултатите ќе бидат потрајни. Кариера Со задоволство ќе покажете што знаете , но чувствувате дека се уште не е време за тоа. Во право сте. Некои работи подобро ќе дојдат до израз доколку почекате уште само малку. Затоа сега оставете ги скриени , па дури и ако истрпите и мала фрустрација. Здравје и совет Ви претстои долг пат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви се чини како да не е вистинско време за љубов. Ќе имате право, но овие денови би можеле да ви донесат задоволство ако успеете да ги дефинирате своите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и спроведете мала лична анализа. Преиспитајте се малку подлабоко. Кариера Оние кои искрено се преиспитале , знаат што треба да прават и ќе тргнат во таа насока. Оние кои уште не размислиле за себе , веројатно ќе се соочат со последиците на сопствените амбиции и дури сега ќе увидат каде згрешиле. Тоа е чекор напред. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот деновиве ќе се врти околу вашите пријатели. Како да сте заборавиле дека може да бидете во двојка и целосно ќе се предадете во дружење во група. Вашата најдрага личност би можела да ви забележи за тоа и да се чувствува запоставено. Кариера За да го поправите она што го работите , морате дасе отворите и повеќе да соработувате со други. Ставот дека некој кој самиот по себе е доминантен , не е добар, а особено не кога тоа го мислите за себе. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно , а тогаш и полесно. Здравје и совет Добро е да се занимавате со спорт. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ви се присторува како љубовта да ви бега за милиметар. Тоа ќе ве нервира и натажува. Треба да разберете дека не е се во вашиот настап , туку и дека другата страбна има свои права. Некои не сакаат да бидат искористувани , па меѓу нив и вашиот љубовен партнер. Кариера На некои ќе им биде понудено да ја водат целата работа и во тоа ќе може да се снајдат повеќе од добро. Затоа не се мислете , туку искористете ја можноста најдобро што можете. Ќе треба само да подготвите некои детали. Приберете се на време. Здравје и совет Водете сметка за своите критериуми во секоја област. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе имате добар ветар во грбот кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отовраат многу врати полесно отколку вообичаено , ќе бидете позитивни на интересни дружења и на интересни места. Ако сте сами , прифатете ги поканите и тргнете меѓу луѓе. Тие ве очекуваат. Кариера Соработката со угледни или влијателни луѓе полека доаѓа во прв план . Вие ќе станете важна фигура во целата игра. Затоа , немојте да бидете премногу скромни , туку дозволете си себеси да ги покажете послободно сопствените амбиции. Ортворете се и бидете она што сте. Здравје и совет Повремено направете пауза и опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Заситени од излегувањата и забавите, ќе побарате мир и повлекување. најдобро ќе се чувствувате дома , а ако саканата личност е со вас, уште подобро.Оние кои се сами , сепак повеќе време ќе минуваат во друштво, а истовремено како нивната фантазија да нема граници. Кариера За да го поправите она што го работите , ќе мора дас е отворите и повеќе да соработувате. Не треба да имате став дека на некого работите ќе му паднат од небо заедно со заслугите. Поработете на сопствената анализа и ќе ви биде појасно. Здравје и совет Одете на излет во природа. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе увидите дека понекогаш се потребни и мали чекори за да се дојде до нечие срце. На тој начин дискретно ќе освојувате. Ќе бидете речиси невидливи, а киога ќе се покажат резултатите , на другата страна ќе и стане јасно дека токму вие сте личноста што ја барала. Издржете. Кариера Можеби ќе ви изгледа како да ве притискаат од сите страни , но всушност станува збор за предизвици на кои треба да одговорите за да дојдете до што подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во која ќе треба да се покажете како борец. Здравје и совет Уживајте во љубовта и во животот . Овен 21.3-20.4. Љубов Искрени совети од добри луѓе ќе ви помогнат за да го поминете овој за вас здодевен љубовен период. Многумикна ќе побараат книга со совети за својот приватен живот. Ќе ги употребат советите дури подоцна кога ќе бидат во врска. Кариера Веројатно ви претстои поголема материјална добивка , која ќе ве засили и ќе ве поттикне даработите уште повредно. ценете го трудот на секого , но она што сега ќе се постигне ќе го сметате за исклучиво сопствена заслуга. Сепак , најдете налчин како да ги наградите и соработниците. Здравје и совет Не е злато се што сјае. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост кон некого , зашто така одредуваат правилата бна однесување. Во сејкој случај , не е многу типично за вас. Моралните двоумења ќе ве следат во текот на целата недела. Кариера Пред вас е се повеќе отворен пат за развој на професионален план . кај некои ќе се покаже како се подобро поврзување или соработка со луѓе од браншата или со странци.Ќе има и такви кои ќе заминат на службено патување. Здравје и совет Чувајте си ја енергијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас се денови со добри но не големи љубовни шанси. искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата меѓув ас и партнерот. Исто така е потреббно да примените самоконтрола , зашто повремено ќе реагирате како што не треба.Размислете за сето ова. Кариера Следува поддршка од други за она што го работите , а со тоа ќе дојде и потребата за да се направите малку важни. Нема потреба за тоа . Подобро само работете , а подоцна пуштете ги другите само да ве фалат . Така ќе биде поуверливо. Здравје и совет Уживајте во спортот и во животот. Рак 22.6-22.7. Љубов Овие денови ќе ве следат убави љубовни шанси . Искористете го тоа за да уживате или некому да искажете љубов. Некои пшовремено ќе чувствуваат недостиг на привлечност , па ќе смислуваат настани за кои нема реална основа. Ако не ви е здодевно , помогнете му на некого. Кариера Доста работни задачи доаѓаат до својот крај . Подгответе се за анализа или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои поради околностите ќе заминат порано на годишен одмор. Некои ќе продолжат да работат од дома и во тоа ќе наоѓаат повеќе смисол отколку да работат од работното место. Здравје и совет Секој ден најдете пет минути мир само за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе им бидете интересни на другите, заводливи , шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои може да остварите пријатни познанаства , а можеби и многу повеќе. Немојте да останете сами , зашто ова се денови кога имате зголемени шанси да најдете вистински партнер. Кариера На дневен ред доаѓаат амбициите . Ќе има и такви кои дефинитивно ќе доведат до крај една фаза од работењето. Нови очекувања се пред вас , но за нивното остварување ќе треба да биде поставена и нова основа. Здравје и совет Излезете на сонце и во природа. Ќе ве освежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook