Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство - Канал 5

Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека првата фаза на „обоената револуција“ во Србија е завршена.

Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека првата фаза на „обоената револуција“ во Србија е завршена, со цел да се предизвика омраза и длабока поделба во јавноста, и дека сега е актуелна втората фаза – „терор и насилство“, како подготовка за трета фаза.

Брнабиќ пред новинарите во Домот на Народното собрание оцени дека втората фаза се однесува на уништување, кршење и палење на просториите на политичките партии на неистомислениците, пред сè на Српската напредна странка (СНС), чиј член е и таа, како и на палење на државни и локални институции – обвинителства, судови и градски општини.

- Ако некој помислил дека станува збор за насилство заради насилство – не, не е. Тоа е втората фаза – терор и насилство, за да се создаде слика на целосен хаос, губење на контролата и целосна дестабилизација на нашата земја, изјави таа, пренесува Бета.

Според претседателката на Парламентот, ова се прави за да се премине во „третата фаза на обоената револуција“, односно да се појават луѓе кои ќе „наметнат решение за наводно враќање на мирот и стабилноста“. Како пример, таа го спомна неформалниот документ на директорот на Форумот за етички односи, Душан Јањиќ, кој наводно бил испратен до меѓународната заедница за решавање на кризата во Србија. - По вчерашниот ден, сосема е јасно дека она што го гледаме девет месеци е школски пример за обид за обоена револуција и насилна смена на власта, оцени Брнабиќ. Според неа, се создава впечаток дека за враќање на мирот и стабилноста во земја во која е создаден хаос е потребна интервенција на странски фактор. - Туку се заокружува целата приказна, имате целосна окупација на земјата и одземање на секој суверенитет, смета Брнабиќ. Таа наведе дека во споменатиот документ се предлага решение кое подразбира ставање под целосна контрола и надзор на претседателот на Србија, Народното собрание, безбедносните и разузнавачките структури, Советот за национална безбедност и Државниот центар за податоци.„

Таа го отфрли овој документ, испраќајќи порака до, како што рече, „странците“, да не помислуваат да зборуваат за него или за сличен документ. - Во Белград и Србија нема да има нов Мајдан, ќе се бориме со сите демократски средства, преку нашите институции, Собранието и ќе пружаме отпор на секое место – не со терор и насилство, зашто тие би сакале да видат граѓански судири и војна. Ќе се бориме зачувувајќи ги нашите институции и нашата земја. Нашиот одговор е не, изјави Брнабиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер