ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
2ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
БалканБрнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците за референдум за доверба на ВучиќБрнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за референдум за доверба на ВучиќПретседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ утре ќе поднесе 100 потписи од пратениците од владејачкото мнозинство за одржување советодавен референдум за доверба на претседателот Александар Вучиќ, jaвија српскикте медиуми. Брнабиќ по тој повод утре ќе одржи прес-конференција. Вучиќ побара од опозицијата да побара советодавен референдум за претседателот, за да се утврди поддршката што ја има кај граѓаните. Вучиќ во објава на Инстаграм наведе дека ЦРТА (Центарот за истражување, транспарентност и одговорност) објави дека огромно мнозинство граѓани се за негова смена. „Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница, ниту за политичките партии во Србија, од таа невладина организација. Се борев за народот и народот е мојата сила. Доколку се точни овие наводи на ЦРТА, невозможно е да останам на функцијата претседател на Србија и затоа опозициските партии треба да поднесат само 67 потписи, а имаат над 80, за одржување советодавен референдум за претседателот на Србија“, се наведува на Инстаграм профилот на Вучиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)Најдобриот српски тенисер - Новак Ѓоковиќ, моментално е во Њујорк, на „Fanatics Fest“ кој собра бројни светски ѕвезди од сите спортови, но и од други области.Само пред неколку дена, Новак играше на Вимблдон, беше елиминиран во полуфиналето од Јаник Синер (3:0), и многу брзо успеа да се најде во Соединетите Американски Држави. Прво, повод беше претпремиерата на неговиот одличен филм „Волкот во зима“, кој ќе се појави на платформите кон средината на август. Филмот ја раскажува приказната за неговото воспитување, па сè до освојувањето на 24-тата Гренд слем титула и сè што го класифицираше како најдобар тенисер на сите времиња, објави Телеграф. Телеграф е во Њујорк, па ја искористи можноста да оди на предавањето на Новак Ѓоковиќ, на кое Србинот зборуваше за бројни теми. Многумина беа воодушевени и од моментот кога водителот го замоли да завива како волк, со асоцијацијата со името на неговиот документарен филм. View this post on Instagram A post shared by Telegraf Sport (@telegrafsport) Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума (ВИДЕО)Мексико денеска беше погодено од серија многу силни земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.По овој прв потрес следеа неколку послаби, вклучувајќи 6 и 5,3 степени според Рихтеровата скала. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying violently as a powerful magnitude 7.4 earthquake struck off Mexico’s Pacific coast.#Mexico #Earthquake #CaughtOnCamera #BreakingNews https://t.co/kvBqpkhQzP pic.twitter.com/8HzZEoMXch — The Globe & News (@TheGlobeNewt) July 17, 2026 На социјалните мрежи се појавија видеа од Мексико, на кои се гледа како зградите се нишаат и извиткуваат под влијание на оваа природна сила. BREAKING: 7.4-Magnitude Earthquake Strikes Off Mexico Near Puerto Madero pic.twitter.com/Zfu2B0LOpU — Roberto Gil (@RbtGil) July 17, 2026 🚨 7.4 EARTHQUAKE STRIKES MEXICO A powerful 7.4-magnitude earthquake has struck off the Pacific coast of Mexico, sending strong tremors across parts of the country.#BreakingNews #Earthquake #Mexico #Tsunami #TsunamiWarning #Seismic #NaturalDisaster #PacificOcean pic.twitter.com/Z2pSoJzSoS — Rosa News Official (@Mirha1206) July 17, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош. Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција. ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности. На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30