Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ - Канал 5

Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

Рокот за формирање нова влада во Србија почнува утре, 20 март, и  според законот, новата влада треба да се формира до 18 април на полноќ. 

Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

Доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Уставот, процедурата сега ја презема претседателот на Републиката, кој треба да предложи нов мандатар.

„Крајниот рок за формирање нова влада е 18 април на полноќ. Вучиќ треба да предложи мандатар, а мандатарот на Собранието да ја предложи програмата на новата влада и предлогот на членовите, по што пратениците ќе се изјаснат за своите ставови“, изјави претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

На прес конференција, таа изјави денеска дека со констатацијата на оставката на премиерот во Парламентот и официјално е завршен мандатот на владата.

„Српскиот парламент, согласно член 132 од Уставот, ја констатира оставката на премиерот, а со тоа и официјално заврши мандатот на Владата на Милош Вучевиќ. Од утре, 20 март, почнува рокот за формирање нова влада“, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека доколку до тој рок - 18 април - не се избере нова влада, претседателот е должен да го распушти Собранието и да распише избори.

Како што наведе таа, изборите треба да се одржат 45 до 60 дена од денот на распишувањето, што во овој случај би било почетокот на јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во Центар.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната брогада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пресвртница: Одобрен првиот „China VI“ мотор

„Weichai Power“ доби сертификат за првиот тежок мотор со внатрешно согорување на водород кој ги исполнува кинеските стандарди за емисии „China VI“.

Пресвртница: Одобрен првиот „China VI“ мотор

Моторот „WP15“ е тестиран во сите клучни услови на работа, вклучувајќи ладно стартување, големо оптоварување, работа со голема брзина и услови на променливо оптоварување при возење.

Моторот од 14,6 литри користи директно вбризгување на водород и палење со искри. Развива 447 kW (600 КС) и максимален вртежен момент од 2.800 Nm.

Максималната термичка ефикасност достигнува 46,8 проценти, а компанијата нагласува дека овој дизајн овозможува високи перформанси со мала потрошувачка на гориво, додека моторот не испушта јаглерод диоксид за време на работата.

Една од најголемите предности на новиот мотор е фактот што споделува повеќе од 90 проценти од своите компоненти со постојните дизел мотори. Ова треба значително да ги намали трошоците за производство, одржување и можна конверзија на постојните возила.

Каде ќе се користи?

„Weichai“, исто така, вели дека „WP15“ може да користи водород со пониска чистота од конкурентските решенија, што би можело да ги намали трошоците за гориво за корисниците и да го олесни преминот од фосилни горива на водород во секторот за тежок транспорт.

Новиот мотор е наменет за широк спектар на апликации, вклучувајќи меѓународни и домашни транспортни камиони, рударски дампери, пристанишни машини, возила за челичарници, како и големи единици за производство на енергија.

Според производителот, моторот е дизајниран да обезбеди носивост и автономија споредливи со дизел моторите, особено во областите каде што електричните возила на батерии сè уште имаат ограничувања поради масата и дометот на батеријата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер