БалканБрнабиќ: Прифативме две од трите барања на опозицијатаБрнабиќ изјави дека се прифатени две барања на опозицијата - формирање независна комисија за контрола и ревизија на избирачкиот список и јавниот сервис да известува објективно и да биде подеднакво достапен за сите.Првиот колегиум на српскиот Парламент посветен на препораките на ОДИХР за изборите заврши вчера без договор, а опозицијата постави три услови за подобрување на изборите да бидат фер - комисија за избирачки списоци, средени медиуми и одржување на сите локални избори во ист ден. Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изјави дека се прифатени две барања на опозицијата - формирање независна комисија за контрола и ревизија на избирачкиот список и јавниот сервис да известува објективно и да биде подеднакво достапен за сите. Единствено, додаде таа, е што не можат да прифатат белградските и локалните да се одржат на ист ден, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ им се заблагодари на претставниците на опозицијата кои „конечно се одзваа на повикот“, потсетувајќи дека оваа влада спровела 54 препораки на ОДИХР, а „поранешната власт, сегашната опозиција, не спроведе ниту една“, додавајќи дека поранешната власт не го формираше ниту единствениот избирачки список. Објаснувајќи зошто третиот услов е неприфатлив, Брнабиќ рече: -Не можеме да ја прифатиме третата точка бидејќи длабоко навлегува во демократските норми и принципи, бидејќи се бара нечиј мандат насилно да се скрати или продолжи. Тогаш ќе немаме ниту Устав, ниту демократија. Излеговме во пресрет и на претходната влада и на градското собрание, затоа што го скративме нивниот мандат за три години, бидејќи изборите беа во 2022 година. Таа кажа дека претставниците на опозицијата, особено на „Србија против насилството“ изнеле три барања, а за да продолжи дијалогот нормално и цивилизирано, ја сменила темата на колегиумот и оти почнале да разговараат за барањата на опозицијата. Што се однесува до самиот колегиум, таа рече дека по долги години, власта и опозицијата нормално разговарале со пристоен тон и им се заблагодариле на претставниците на опозицијата кои, како што рече, по неколку покани конечно одговориле за состанокот. Брнабиќ посочи дека се согласиле да се апсолутно посветени на имплементација на препораките на ОДИХР и додаде: „Да работиме заедно и да докажеме дека можеме да го направиме тоа. Жал ми е што не се појавија Еколошкото востание и 'Ние - глас од народот - д-р Бранимир Несторовиќ'. Се надевам дека ќе се појават во иднина, мојата врата е отворена“. Претставниците на „Србија против насилството“ (СПН) соопштија дека на разговорите во собранието со претставниците на власта не е постигнат договор за исполнување на препораките на ОДИХР за изборни услови, и најавија продолжување на разговорите во среда, за кога е рокот за прифаќање на условите за фер избори. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook