3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
БалканБрнабиќ: Предлог-законот на опозицијата за литиум значи забрана за рударството-Луѓето треба да знаат дека кога Рио Тинто го откри литиумот, т.е. јадаритот, како прво тие не бараа истражување за литиум и, на крајот на краиштата, големото прашање е дали нешто вакво би се усвоило ако се однесува на јадаритот, рече Брнабиќ за ТВПретседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека предлогот на опозицијата за забрана за истражување и ископ на литиум и бор ќе биде ставен на дневен ред на собраниската седница, иако не прецизираше кога, нарекувајќи го забрана за рударството и дека е предложено „паушално и глупаво“, јави дописникот на МИА од Белград. -Луѓето треба да знаат дека кога Рио Тинто го откри литиумот, т.е. јадаритот, како прво тие не бараа истражување за литиум и, на крајот на краиштата, големото прашање е дали нешто вакво би се усвоило ако се однесува на јадаритот, рече Брнабиќ за ТВ Пинк. Таа додаде дека јадаритот е минерал кој не е ниту литиум ниту бор, туку тие се извлекуваат од јадаритот и праша дали забраната за истражување на бор и литиум ќе важи и за јадаритот. -Дали би се применувал на било што ако случајно може да има литиум во него. Бидејќи јадаритот е сосема нов минерал. А потоа, исто така, како би се однесувале кон другите истражувања. Со оглед на истражувањата за злато, олово, бакар, јаглен и некој ќе најде бор и ... што тогаш ќе правите, рече Брнабиќ. Таа рече и дека опозицијата ја интересира само литиумот како политичко прашање, а не поради животната средина, за да се обиде да го собори претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook