Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
1Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
2По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
БалканБрнабиќ-Петков: Исклучително е важно да видиме напредок на евроинтеграциите на нашите пријателиТеми на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Белград на разговорите со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ беа од економски аспект, пред се на јакнење на енергетската соработка .На почетокот на прес-конференцијата со Петков, српската премиерка кажа дека „она што е исклучително значајно, немешајќи се во внатрешни прашања на други држави и партнери е што вашата прва посета беше на Македонија, што говори доволно што вие како премиер посветувате внимание на регионот на Западен Балкан и на евроинтеграциите на Западен Балкан." -Мене како премиер на прво место ми се евроинтеграциите на Србија, но заради регионалната стабилност на целиот Западен Балкан исклучително ми е важно да видиме напредок на европскиот пат на нашите партнери и пријатели од Македонија, секако и на Албанија и БиХ и благодарам што со тој пат покажавте исклучителна посветеност на решавањето на сите отврени прашања, за да сите имаат европска перспектива, изјави Брнабиќ. Таа изрази благодарност до Бугарија за отварање на кластерите на Србија во преговорите со ЕУ и порача дека ја бара бугарската подршка за орварање и на кластерот три. Брнабиќ и Петков на прес-конференцијат истакнаа дека Софија и Белград меѓу другото се заинтересирани и за заеднички гасен и енергетски пазар. Според Петков, регионалното поврзување е важно за Софија како услов за економски развој, со акцент на енергетската поврзаност. -Заедно сме многу посилни и во преговорите со земјите надвор од регионот, нашата поврзаност со Грција е приоритет за Бугарија за да има директен пристап до течен гас, а постои голем потенцијал за заеднички пазар на гас, изјави Петков. Верувам дека ќе успееме во тоа во краток рок, кажа тој, додавајќи дека тоа подразбира врски со Македонија и Грција кои можат да се обединат во зеднички пазар, заедно со инфраструктурното поврзување. -Обединети ќе можеме зедно да преговараме за цените за течен гас. Бугарија сака да купи три милијарди метри кубни гас, Србија шест, Македонија две и да имаме заеднички пазар со максимална диверзификација за да може да купуваме од различни места и да имаме подобри цени и услови што води кон подобра независност, изјави Пеков на прес-конференцијата, додавајќи дека се водени разговори и на полето на нуклерната енергија. Премиерите на Србија и Бугарија се договорија да бидат во директен личен контакт со цел решавања на прашањата кои се однесуваат на малцинствата, а за чија подобра положба ќе придонесат гасниот интерконектор, новите патишта и железницата меѓу двете држави./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобатаУтринава од 10 часот, низ сите скопски општини се одржува голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармаладВо среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.Состојки за денешниот рецепт: (мерките се со шолји за млеко) 2 шолји брашно 1 шолја шеќер 1 шолја вода половина шолја масло 4 големи лажици мармалад од сливи една рака сецкани ореви 1 лажиче сода бикарбона 1 лажиче цимет 1 ќесичка ванилин шеќер шеќер во прав по потреба Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАПоранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилствоПоранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди. Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал. Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него. Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија. Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати. Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата. Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook