Артан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа вина
1Артан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа вина
3СДСМ: ВМРО вели дека враќа 8 милијарди евра што Македонија се задолжила за 35 години, а тие за две години направија 4 милијарди нов долг
БалканБрнабиќ: Опозицијата ја дели Србија, не дозволува поинакво мислењеПремиерката Ана Брнабиќ на седница на српското Собрание изјави дека опозицијата со своето однесување ја „дели Србија“ и дека ако се смени власта, ќе оди на „доживотен затвор или во логор“.Премиерката Ана Брнабиќ на седница на српското Собрание изјави дека опозицијата со своето однесување ја „дели Србија“ и дека ако се смени власта, ќе оди на „доживотен затвор или во логор“, како и да опозицијата покажала дека нивната борба против насилството значи дека актуелната власт ќе биде „бркана на улица“, јави дописникот на МИА од Белград. -Тие се охрабрија и не бркаат по улиците, не само политичарите, туку и оние кои мислат поинаку, рече Брнабиќ во српскиот парламент. Таа смета, како што додаде, дека опозицијата наскоро ќе дојде на власт. -Некои од нас ќе одат во затвор, некои на доживотна без судење, а веќе видовме каква врска имаат судиите кои вие ќе ги поставите, рече премиерката. Таа посочи дека „мантрата на власта“ е борбата против насилството и разоружувањето на Србија и дека досега се запленети 35.052 парчиња оружје. Одговарајќи на говорот на лидерот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, кој на седницата на Собранието изјави дека насилството се генерира од врвот на власта, таа рече дека не слушнала никакви предлози од опозицијата освен барања за промени. -Не слушнав никакви мерки, освен мерките на протестите. Вашите мерки се отстранување на (Братислав) Гашиќ, (Александар) Вулин, промена во РЕМ и затворање на медиумите кои не ви се допаѓаат. Но, за да се исполнат сите ваши барања, да ги прашам граѓаните на Србија, како со тоа би се спречила ваква трагедија во иднина. Тие барања немаат врска со трагедијата и убиените деца, но исклучиво имаат врска со политика. Вие го кажавте тоа усно, не писмено – вашето барање е да се смени (Александар) Вучиќ. Јас зборувам за мерките што ги предложивте, а покрај нив гледам дека зборувате за контрамитинг на 26 мај. Нема контрамитинг, тоа е митинг на надеж, не е контрамитинг. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАртан Груби не се чувствува виновен за случајот „Државна лотарија“, уште петмина обвинети негираа винаПоранешниот прв вицепремиер Артан Груби негираше вина пред судот за злоупотребите во државна лотарија при набавката на видеолотариски апарати со кои е оштетен буџетот за околу 9,7 милиони евра. Освен него вина негираа и уште шестмина други обвинети меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски. Еден од обвинитеите не се произнесе бидејќи не го разбрал обвинението и побара од судот да му се обезбеди превод на албански јазик. На поранешниот дирктор на Државна лотарија Перпарим Бајрами кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. Обвинителството денеска го образложи обвинението. Обвинителите не сакаа да ја откријат својата стратегија пред судот а за промената на кривичното дело од проневераво службата во злоупотреба на службата кажаа дека тоа било резултат на доказите до кои дошле. Артан Груби по една година бегство во февруари се појави во државата и иако првично за него се бараше затворски притвор обвинителството побара куќен притвор. Обвинителите велат дека ги разбираат реакциите во јавност но добиле сериозни информации од МВР и АНБ дека му бил загрозен животот. Одбраната на Артан Груби тврди дека има цврти докази за да ја докаже неговата невиност. Судењето за случајот Државна лотарија во кој сите обвинети се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, дело за кое е предвидена затворска казна од 1 до 5 години, ќе продолжи во петок на 11 септември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Македонија26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегналеКако на филм, дошле со голема брзина на мотоцикл, отвориле оган и по неколку секунди двајцата веќе биле во бегство – синоќа околу полноќ е убиен 26 годишник во скопски Дуќанџик. Во моментот на нападот, жртвата со уште четворица стоела пред бутик од трговски центар во тесните улички позади Скопската Чаршија. Иако напаѓачите истрелале неколку куршуми, никој од другите не е повреден, а ниту има дупка од куршум во големите стаклени излози пред кои се наоѓале. За инцидентот единствено сведочат трагите од крв кои и денеска се видливи на асфалтот. Чаури од испуканите куршуми се подигнати за вештачење. -Токму на ова место стоела групата кога наишле двајцата напаѓачи со мотоцикл и отвориле оган кон нив, дали само еден или повеќемина биле мета, засега останува мистерија. Набргу по нападот, повредениот со итна медицинска помош бил пренесен во ургентниот центар на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, но и покрај напорите на докторите, починал, бил погоден со еден, фатален куршум во главата по што дошло до мозочно искрварување. -Во текот на вчерашниот ден, некаде пред полноќ донесен е пациент во критична состојба во ургентен центар, повикан е веднаш анестезиолог, заради тежината и сериозноста на повредите пациентот е веднаш интубиран, и поради целата негова е внесен веднаш во операциона сала, но за жал за кратко време, после интервенцијата, пациентот подлегнува на повредите. - Д-р. Марта Тренева Ничевска – Спец. Анестезиолог на КАРИЛ – ТОАРИЛУЦ За синоќешниот инцидент, никој од околните продавници и куќи не сакаше да зборува. По двајцата напаѓачи, кои ги искористиле тесните улички брзо да побегнат, се уште се трага, а нивниот мотив засега останува непознат. Во меѓувреме надлежните работат на расчистување на случајот. -Извршен е увид на самото место, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, дадена е наредба за обдукција. Се преземаат сите мерки за расветлување на случајот. - ОЈО Скопје Улицата „Војдан Чернодрински“ само во изминативе година и половина сведочи на три оружени напади. На 14 март лани беше пукано во 16 годишник кој доби прострелна рана во раката, а само месец и половина подоцна беше извршен идентичен напад како синоќешниот. Тогаш среде бел ден двајца напаѓачи, исто така од мотоцикл стрелаа врз 31-годишник кој им подлегна на повредите..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: ВМРО вели дека враќа 8 милијарди евра што Македонија се задолжила за 35 години, а тие за две години направија 4 милијарди нов долгВМРО-ОКГ денеска тврди дека Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра задолжувања „од времето на СДСМ“. Тоа не е точно.Ајде да ги ставиме фактите на маса. За 35 години независност ВМРО беше на власт речиси половина од тоа време - од Георгиевски, преку Никола Груевски и неговите 11 години, до Мицкоски денес. И во тие години се земаа кредити. И во тие години се создаваа обврски. Сега Мицкоски и неговата Влада за само две години направија околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е темпо што никој во историјата на независна Македонија не го постигнал. Организираната банда зборува за „наследени долгови“, а истовремено нејзината Влада продолжува да се задолжува секоја недела, касата е празна, а парите завршуваат во криминални партиски тендери. Да земаа кредити за да се отплатата долгови, вкупниот долг ќе се намалуваше, немаше да се зголемува. А Мицкоски го зголемува на 4 милијарди евра. Разликата е јасна: • 8 милијарди евра на сите Влади за 35 години. • 4 милијарди евра за само две години и тоа без резултати за граѓаните. Статистиката и процентите од БДП не ги полнат фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници и во сметките што треба да ги плаќаат нивните деца и внуци. Оваа организирана криминална група нема граници - ниту во задолжувањето, ниту во лагите. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter