Брнабиќ na X: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк - Канал 5

Брнабиќ na X: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк

Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.

Брнабиќ na X: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк

Во објава на Х, претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ вечерва ги отфрли наводите дека нападот за време на инцидентите на вечерашниот протест пред Парламентот го извршил некој од кампот во Пионирски парк, туку дека „екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот, јави МИА од Белград.

„Лага е дека некој од Пионирски парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионирски парк. Насилството нема да биде дозволено“.

Белградски медиуми јавија за две приведени лица вечерва од пред просторот меѓу Собранието и Претседателството и дека се распоредени припадници на жандармеријата со опрема за разбивање протести пред Правниот факултет во Белград.

Студентското обезбедување во блокада прогласи крај на протестот пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните им нареди да се повлечат, по инцидент .

Дел од насобраните граѓани, иако студентите прогласија крај на протестот, се уште е пред Собранието на Србија.

Фото: Формула 1 во сенка на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез го засени најбрзиот циркус на светот, трките од Формула 1.

Фото: Формула 1 во сенка на Џеј Ло

Британскиот коментатор на Скај Спортс Дејвид Крофт се најде на удар на критики на јавноста поради непримерната шега на сметка на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез.

„Жешката“ латиноамериканка со својот изглед ги засени сите присутни на трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Формула 1 во Џеда.

55-годишната Џеј Ло во тесен, розов комбинезон во стилот на Барби предизвикуваше воздишки додека се шеташе низ боксовите и разговараше со шефот на Ф1, Стефано Доменикали и застана до гаражата на Ферари. Додека Џеј Ло позираше пред фотографите, Крофт коментираше:

„Изненаден сум што сега е тука – мислев дека ја чека вечерва“.

Потоа додаде:

Фановите на Џенифер Лопез ќе разберат“.

Крофт алудираше на нејзиниот хит од 1999 година „Waiting for Tonight“. Сепак, многумина ја оценија оваа шега како сексистичка и непримерна.

Реакциите на социјалните мрежи беа различни. Некои корисници изразија незадоволство, сметајќи дека коментарот е несоодветен, додека други го бранеа Крофт, посочувајќи дека тоа е безопасно повикување на популарна песна.

И покрај контроверзите, Џенифер Лопез продолжи со својот настап на концертот по трката, воодушевувајќи ја публиката со својот настап.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си разменија обвинувања за доцнењето на платите во културата

Опозициската СДСМ побара оставка од министерот за култура Зоран Љутков поради неисплата на мартовската плата на културните работници. 

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си разменија обвинувања за доцнењето на платите во културата

Од партијата велат извинувањето на Љутков не е доволно, Владата намерно ги понижува културните работници, па наместо со зголемени велат за празниците останаа без плата.

„ Од мартовската плата требаше да започне корекција на примањата во согласност со потпишаниот колективен договор. Наместо тоа, културните работници беа игнорирани и дискредитирани со манипулативни изјави од самото Министерство – дека не работеле доволно, дека не ја заслужуваат платата, дека платите биле „високи“.“- СДСМ.

На обвинувањата експресно одговорија од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Велат партијата која ја претвори културата во партиска каса и платформа за криминал денес глуми загриженост, обвинуваат дека СДСМ нема кредибилитет за зборува за достоинството на културните работници. Извинувањето според ВМРО ДПМНЕ кое го направил Љутков било коректен гест кој јасно ја покажувал разликата во пристапот.

-За разлика од времето на СДС, кога грубите навреди и дисквалификации врз уметници и институции беа секојдневие, денес имаме отчетност, одговорност и сериозен однос.-ВМРО ДПМНЕ.

Вчера министерот Љутков преку социјалните мрежи им се извини на сите вработени во културата, а причина за доценњето на платите рече дека бил доглогодишен нерешен проблем со усголасувањето на платите што според него секоја година создавало огромни проблеми.

-Ве уверувам дека оваа постпка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во идинина – напиша Љутков и најави дека по празниците вработените ќе ги добијат своите плати.

YouTube video

Деклан Рајс: „Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“

Еден од најдобрите фудбалери на англискиот премиер Лигаш Арсенал, Деклан Рајс најавува дека неговиот клуб е подготвен за освојување на тронот во елитната Лига на шампионите. 

Деклан Рајс:  „Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“

И покрај сите очекувања, Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четврт-финалето го исфрли Реал Мадрид - и тоа со убедлив триумф во двомечот од 5:1.

Еден од хероите на тимот од Лондон, Деклан Рајс изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона. „Ова беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.

Англичанецот потоа ги пофали соиграчите. „Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да дојдеме овде и да победиме. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде: „Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.

притисни ентер