Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад - Канал 5

Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад

-Политичката одговорност секако ќе биде утврдена и апсолутно не се сомневам во тоа, бидејќи знам што направивме по трагедијата во мај 2023 година (Рибникар и Младеновац). 

Брнабиќ: Ќе ja утврдиме политичка одговорност за Нови Сад

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека не се сомнева дека ќе се утврди политичка одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и истакна дека власта во последните десет години никогаш не бегала од одговорноста и оти претставниците на опозицијата уште еднаш покажаа дека не ги интересира човечката трагедија, туку како да дојадат на власт, јави дописникот на МИА од Белград.

-Политичката одговорност секако ќе биде утврдена и апсолутно не се сомневам во тоа, бидејќи знам што направивме по трагедијата во мај 2023 година (Рибникар и Младеновац). Во ниту еден момент не се криевме зад функцијата, во ниту еден момент не ја чувавме функцијата, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.

Таа потсети дека тогашниот министер за образование Бранко Ружиќ поднел оставка и дека таа како премиер во Собранието понудила оставка.

-Ресорниот министер си поднесе оставка, а јас штом отидов во Собрание кажав да сметаат и на мојата. Но, тие (опозицијата) рекоа: Не, нема да не измамите, не сакаме да имаме избори. Па, тогаш на почетокот на септември побараа избори и ги добија, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека додека спасувачите во Нови Сад сè уште барале преживеани под урнатините, опозицијата за тоа време „одржила состанок“ да види како да ја искористи трагедијата политички, додавајќи дека тоа е „човечка катастрофа“ и дека е „монструозно“.

Брнабиќ, коментирајќи ги плакатите во Нови Сад со фотографии од премиерот и неколку министри Горан Весиќ и Тома Момировиќ, праша за што е виновен премиерот Милош Вучевиќ и изјави дека треба да се види за кое време се работи кога се случиле грешките, а Вучевиќ може тогаш да бил градоначалникот на Нови Сад кој не е одговорен за тој проект, или министер за одбрана.

-Ако го сакате премиерот, тогаш побарајте ја мојата глава. Не ја барајте главата на премиерот кој стана премиер по изборите во 2023 година, рече Брнабиќ и додаде дека само во Србија се „политичари“ во вакви трагедии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер