ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
2ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
3Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден
БалканБрнабиќ: Избори се непотребни, Србија има поважни прашања - економски развојПретседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека во моментов Србија има поважни прашања од избори, и според неа, тоа е „економскиот развој да се надомести сето она што е изгубено поради блокадите“.„Мнозинството во српскиот Парламент е апсолутно стабилно... Имаме пратенички групи во Парламентот што се намалуваат и се распаѓаат, нашето мнозинство е целосно стабилно“, изјави Брнабиќ за РТС. Таа додаде дека не се занимава со избори, бидејќи се знае која е надлежната институција за нивно свикување, а тоа е претседателот на државата. Брнабиќ изјави дека очекува на почетокот на јуни да се одржи седница на која ќе се дискутираат три закони за медиуми, како и предлогот на Законот за фонд за алиментација. „Очекувам дека во јули, на седницата, ќе дебатираме за предлогот на Законот за Единствен избирачки список“. Таа рече дека процесот за избор на членови на Советот на РЕМ е целосно транспарентен и инклузивен, „за избор на девет членови за Советот на РЕМ, добивме 45 кандидати од 177 организации“. Тагови: Ана Брнабиќ Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Свинско месо во кромидВо среда (01.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Мишко Крстевски.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. свинска кртина 150 гр. путер 2 големи главици кромид 3 лажици балсамико сол и бибер 2 лажици сенф За маринада: 2 - 3 лажици мед 2 лажици сенф 1 лимон сол и бибер се пече со фолија малку магдонос за украсување Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Платформа за спас на Мицкоски (ЗНАМ 2.0) - нема да помине!Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции и платформи а со цел слабеење на СДСМ, токму како што претходно тоа го направија со ЗНАМ. Најпрво се обидоа одвнатре преку Јован Деспотовски и Петре Шилегов. Кога тоа не успеа, сега се обидуваат однадвор. Платформата на Андреј Петров и Игор Ивановски - Шема работи веќе осум месеци. Нејзината единствена цел е да ја фрагментира и ослабе единствената вистинска опозициска алтернатива СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е платформа за спас на Мицкоски. Христијан Мицкоски е во паника. Неговата партија загуби преку 150.000 гласови, рејтингот му е на историски најниско ниво, нема резултати, а буџетот е празен. Ја укина техничката влада на сила, а сега на сила се обидува да го промени изборниот закон и да воспостави модел за кражба на гласовите од дијаспората. Кога веќе не може да ја контролира ситуацијата со лаги и афери, се обидува да ја контролира преку изборен инженеринг. Сите овие месеци јасно се покажа дека оваа интересна група работи директно за Мицкоски и за спас на неговата власт. Сателитите се разоткриени. Обидот за ново издание на ЗНАМ не им помина. СДСМ и граѓаните кои се собираат околу Фронтот за вистина и правда нема да дозволат повторно да се повтори сценариото од 2024 година. Време е за мобилизација. Време е власта повторно да се врати во рацете на народот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспоратаГраѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората, сакаат да го спречат проширувањето на уставно загарантираното право на глас.Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица. Договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува. Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат. Тоа што и СДС на Венко Заев и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес. И ваквата нивна цел, координираност и целосна синхронизираност на ставовите и настапите на Венко Заев и Апасиев се повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија. Тоа што друго граѓаните знаат, е дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се и работи во нивен и интерес на државата. Токму затоа и ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook