ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
БалканБрнабиќ: Апсолутно не ме интересираат резолуциите на Европскиот парламентСрпската премиерка во заминување и кандидат за нов спикер на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ќе се залага за подобри односи со Европскиот парламент . Српската премиерка во заминување и кандидат за нов спикер на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ќе се залага за подобри односи со Европскиот парламент (ЕП), но дека ова европско тело никогаш нема да биде над српскиот Парламент, како и дека воопшто не ја интересираат резолуциите на ЕП. -Резолуциите на ЕП за мене како пратеник и се надевам утре како претседател на Собранието не дека не се обврзувачки, туку апсолутно не ме интересираат, рече Брнабиќ за време на собраниската дискусија, пренесе Бета. Таа додаде дека во ЕП има и такви кои сакаат добро за Србија, но и такви кои не и сакаат, наведувајќи дека тоа се „пријатели на опозицијата, Приштина и Албин Курти“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч. Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица. Еден автомобил целосно смачкан Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти. Извор: Индекс.хрТагови: Загреб несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ФудбалСветскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте постигна огромен успех со најдобрата селекција и сега треба да биде награден за тоа.Де ла Фуенте е многу блиску до нов договор со Шпанската фудбалска федерација, според кој би требало да остане на чело на репрезентацијата до 2030 година, пренесува „Атлетик“. Преговорите траат веќе два месеца, а извори запознаени со ситуацијата тврдат дека двете страни сега влегле во завршната фаза. Де ла Фуенте ја презеде репрезентацијата во декември 2022 година и многу брзо почна да ниже успеси. Првиот голем успех дојде уште во 2023 година, кога Шпанија ја освои Лигата на нации. Една година подоцна следеше Европското првенство во Германија. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2:1 во финалето и се искачи на европскиот трон, а ова лето, освојувањето на Светското првенство дојде како шлаг на тортата. Продолжувањето на соработката до 2030 година би имало и посебна симболика. Токму тогаш Шпанија ќе биде еден од домаќините на Светското првенство, заедно со Португалија и Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организираноСДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии. Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00