Бритни Спирс турната кога се обидела да се фотографира со нова НБА ѕвезда - Канал 5

Бритни Спирс турната кога се обидела да се фотографира со нова НБА ѕвезда

Контроверзната светска музичка ѕвезда Бритни Спирс наводно била нападната во средата во Лас Вегас кога член на безбедносниот тим на  првиот пик на НБА драфтот, Виктор Вембањама, ја удрил со тупаница во лицето и ја турнал на земја. 

Бритни Спирс турната кога се обидела да се фотографира со нова НБА ѕвезда

Имено, веднаш по инцидемтот музичката ѕвезда поднел полициска пријава во која го обвинува обезбедувањето на кошаркарот за напад.

Властите во Лас Вегас го потврдија инцидентот за Ролинг Стоун во соопштение од Канцеларијата за јавни информации во Лас Вегас во четвртокот.

- На 5 јули 2023 година, приближно во 23 часот, полицајците на LVMPD одговорија на имот во блокот 3700 на булеварот Лас Вегас во врска со истрагата за батеријата - се вели во истиот.

- Инцидентот е документиран во полицискиот извештај, а нема апсења или пријави - стои во соопштението. Изјавата ги поткрепува првичните извештаи на ТМЗ, која тврди дека инцидентот се случил пред ресторанот „Кач“ во хотелот Арија околу 20:30 часот, каде што навивачите ги бркале Спирс и Вембањаме.

Бритни наводного забележал Вембањама додека одела до влезот на ресторанот и се приближувала за да се обиде да се фотографира со него.

Откако пејачката го чукнала Вембањама по рамото, реагирало неговото обезбедување, Бритни била турната на земја а наочарите и биле турнати од лицето, се вели во полицискиот извештај.

Пејачката потоа се собрала и влегла во ресторанот со нејзиниот сопруг Сем Асгари, според сведоците на ТМЗ.

Обезбедувањето на кошаркарот наводно потоа дошло за да и ја објасни ситуацијата на Спирс, кој го прифатил неговото извинување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Во „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар,  наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух.

„Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска.

Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби.

„Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат.

Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна снег на Пелистер

Првиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер.

Падна снег на Пелистер

Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка.

Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина говорот пред генералното собрание на ОН  поради сопругата Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Видео: Трамп го прекина говорот поради Меланија – погледнете ја нејзината реакција!

Ги изненади сите на Генералното собрание на ОН, по што следуваше аплауз.

За време на вчерашниот говор пред Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Доналд Трамп направи кратка пауза и јавно ѝ се заблагодари на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината хуманитарна работа, а потоа низ шега праша каде таа седи.

Трамп погледна низ салата и праша: „Каде е нашата прва дама? Таа е некаде овде.“ Откако накратко ја побара со поглед, американскиот претседател ѝ се заблагодари на првата дама и рече дека таа „напорно работела“, што беше проследено со аплауз и насмевки од присутните.

На видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како Меланија се смешка и мавта. Американскиот претседател ја пофали првата дама на САД за нејзината улога во глобалната дипломатија, истакнувајќи го нејзиниот настап претходно оваа година пред Советот за безбедност на ОН.

Трамп изјави дека таа станала првата прва дама на САД што претседавала со седница на Советот за безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер