Бритни Спирс се огласи по разводот: Не можев веќе да ја трпам болката - Канал 5

Бритни Спирс се огласи по разводот: Не можев веќе да ја трпам болката

Пејачката Бритни Спирс конечно проговори за разводот од сопругот Сем Асгари. Таа на Инстаграм објави долг текст во кој потврди дека се разведуваат.

Бритни Спирс се огласи по разводот: Не можев веќе да ја трпам болката

„Како што сите знаат, јас и Сем повеќе не сме заедно. Шест години се долго време да се биде со некого, така што малку сум шокирана, но не сум тука да објаснувам зошто, затоа што искрено не е ничија работа“, ја започна таа објавата. .

„Но, не можев повеќе да ја поднесам болката, искрено. Добивам толку многу пораки од пријателите кои ми го топат срцето и ви благодарам. Предолго сум силна и мојот Инстаграм можеби изгледа совршено, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа. Сакам да покажам емоции, солзи и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости“, додаде таа.

Вели дека и покрај сѐ, се чувствува добро.

"Ќе бидам силна колку што можам и ќе дадам сѐ од себе. И всушност, ми оди навистина добро. Како и да е, имајте добар ден и не заборавајте да се насмевнете", заклучила таа на објавата.

Да потсетиме, пред неколку дена медиумите објавија дека Бритни Спирс и Сем Асгари се разделуваат по 14 месеци брак. После тоа, веста ја потврди и Сем.

„После шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе се задржиме на љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам сѐ најдобро. Се случува сра*е“, напиша Сем.

„Звучи лудо да се бара приватност, па затоа само ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите, да бидат љубезни и внимателни“, додаде тој на крајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во Скопје се одржува „Бизнис арена 2026“, конференција посветена на развојот на македонските брендови, вмрежувањето на компаниите и можностите за настап на странските пазари.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во фокусот се и влијанието на глобалните економски трендови, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во бизнисот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

- На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците.

- Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Како полесно до реализација на професионалната кариера?

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности.

На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера.

Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите?

Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот.

-Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“.

Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат.

-Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински.

Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер