Бритни Спирс прв пат во јавност, откако го објави разводот: Не е расположена (ФОТО) - Канал 5

Бритни Спирс прв пат во јавност, откако го објави разводот: Не е расположена (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс е фотографирана за прв пат по веста за разводот со Сем Асгари.

Бритни Спирс прв пат во јавност, откако го објави разводот: Не е расположена (ФОТО)

Папараците ја снимиле како купува храна во самопослуга во Окснард околу полноќ.

Беше лежерно расположена, а судејќи по изразот на лицето, воопшто не беше расположена.

Да потсетиме, пред неколку дена медиумите објавија дека Бритни Спирс и Сем Асгари се разделуваат по 14 месеци брак. По тие вести се огласија и Сем и Бритни.

„После шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе се задржиме на љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам се најдобро. Се случува сра*е“, напиша Сем. .

„Како што сите знаат дека јас и Хесам повеќе не сме заедно. Шест години се долго време да се биде со некого, така што малку сум шокирана, но не сум тука да објаснувам зошто, затоа што, искрено не е ничија работа“, ја започнала својата објава Бритни на Инстаграм.

„Но, не можев повеќе да ја поднесам болката, искрено. Добивам толку многу пораки од пријателите кои ми го топат срцето и ви благодарам. Предолго сум силна и мојот Инстаграм можеби изгледа совршено, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа. Би сакала да покажам емоции, солзи и како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости“, додаде таа.

Изворите велат дека разводот дошол откако Сем слушнал дека Бритни го изневерува со вработените во нивниот дом, а Асгари тврди дека пејачката го претепала, објави британски Сан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, еден возел под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а останатите без возачка дозвола.

Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола.

Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Официјална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, која ја предводеше делегацијата на Амбасадата во официјална посета на Општина Крива Паланка.

Во составот на делегацијата на Амбасадата на САД беа Едру Ковтун, политички советник, Кристина Каранакова, политички советник, Надица Жакула, специјалист за односи со јавност и Јехона Жута Вренези, координатор за дигитална продукција.

Од страна на Општина Крива Паланка, на средбата присуствуваа Миле Трајковски, претседател на Советот на Општина Крива Паланка, Тања Дејановска Митровска, координатор на советничката група на СДСМ, и Александар Рангелов, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во духот на заемната почит и традиционалното пријателство беше остварен отворен и конструктивен разговор за развојните приоритети на Крива Паланка, можностите за локален економски напредок и перспективите за продлабочување на институционалната соработка.

„Посетата на г-ца Никол Варнс и делегацијата на Амбасадата на САД претставува особена чест за Општина Крива Паланка. Благодарам за покажаниот интерес за нашата општина и за отворениот и конструктивен разговор. Остануваме посветени на градењето партнерства засновани врз доверба, заемно почитување и заеднички развојни цели“, истакна градоначалникот Митовски.

Средбата претставува значаен придонес кон унапредувањето на меѓусебната комуникација и отворањето нови перспективи за идна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Официјалниот прием заврши со размена на пригодни протоколарни подароци и заедничко фотографирање, како израз на почит и пријателство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?

Македонија има постигнато одлични резултати во Планот за раст, но важно е да се задржи оптимизмот и издржливоста – советува австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Палмер. 

Што може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?

Иако веќе на средината од средната недела еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел треба да ја презентира новата европска стратегија за проширувањето, според Палмер, се уште не е јасно кој од неколкуте досега објавени нон-пејпери ќе доминира во финалната верзија.

-Сè уште трае процесот на дискутирање на различните нон пејпери. // Патем, секогаш можете да погледнете каква е чашата - дали е полуполна или полупразна, а Македонија одлично ја заврши работата кога станува збор за Планот за раст на Западен Балкан, па затоа на земјата ќе ѝ бидат дадени над 140 милиони евра и ние придонесуваме за понатамошен напредок. Затоа мислам дека е важно да се продолжи, да се задржи издржливоста, да се задржи посветеноста и да не се одвлекува вниманието,- -Мартин Палмер, Амбасадор на Австрија во Македонија .

Палмер најави дека на крајот на оваа недела во Виена ќе се оддржи и министерски состанок со шефовите на дипломатијата од Западен Балкан и Славков 3 форматот - односно платформата за соработка меѓу Австрија, Словачка и Чешка чиј фокус меѓудругото е и заедничка позиција во проширувањето на Европската унија.

Скоро по најавената презентација на новата стратегија за проширување, на 2 октомври во земјава се очекува да пристигне и претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен како дел од нејзината турнеја низ четири регионални земји кандидатки, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина. Евроамбасадорот во земјава -Михалис Рокас, веќе изрази оптимизам дека посетата на фон дер Лајен може да донесе позитивни промени во статусот на македонските евроинтеграции. Минатата недела пак, еврокомесарката за проширување Марта Кос повторно ја повика земјава да ги спроведе уставните измени а потоа како што рече, ја очекува и поддршката од Бугарија за Македонија да продолжи напред на европскиот пат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер