ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
2Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
1Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
Шоу бизБритни Спирс обвинета за возење и предизвикување сообраќајна несреќа под дејство на дрога и алкохолКонтроверзната американската поп-ѕвезда Бритни Спирс е обвинета за предизвикување инцидент со управување со моторно возило под дејство на алкохол и дрогаКонтроверзната американската поп-ѕвезда Бритни Спирс е обвинета за предизвикување инцидент со управување со моторно возило под дејство на алкохол и дрога, за што беше уапсена, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на Калифорнија. „44-годишната американска пејачка е обвинета за возење под комбинирано дејство на алкохол и најмалку една дрога“, објави Скај њуз. На Бритни Спирс ќе ѝ биде понудено признавање на вина за помало обвинение - несовесно возење под дејство на алкохол и/или дрога, што е вообичаено решение за луѓето кои покажале подготвеност да се подложат на третман за зависност. Претставник на пејачката претходно овој месец изјави дека Бритни Спирс доброволно се пријавила во центар за рехабилитација и нема да мора да присуствува на судското рочиште закажано за понеделник, но нејзините адвокати ќе можат да се појават наместо неа. Таа беше запрена и уапсена на 4 март поради пребрзо возење во нејзиното црно БМВ, објавија медиумите.Тагови: Бритни Спирс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Шоу бизЅвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест. Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули. Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега. „Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“. Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето. Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, откако на социјалните мрежи даде силна поддршка за својата родна Колумбија за време на Светското првенство. Атрактивната актерка е позната како голем навивач на „Лос Кафетерос“ и како таква не ги пропушта настапите на националниот тим на својата земја на Светското првенство. Пред еден од натпреварите на Колумбија на Мундијалот, Вергара упати порака за поддршка до колумбиските фудбалери преку социјалните мрежи, објавувајќи на Инстаграм фотографија во карактеристичниот жолт дрес на својата репрезентација со пораката: „Колку е возбудливо ова!!!! Подготвена за вечерва!!!!“Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси.СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на Македонија. Наместо конструктивност, СДС и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување значи штета за државата и за европскиот реформски процес. Ако навистина СДС и Левица имаат суштински забелешки, нека ги предложат. Никој не бега од аргументирана дебата. Но десетици илјади амандмани не се обид за подобрување на закон, туку класична парламентарна опструкција. Позиција на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Подготвени сме да разговараме за сите предлози кои придонесуваат за подобар изборен процес. Истовремено, остануваме цврсти на определбата македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, затоа што секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, заслужува полесно да го оствари своето демократско право. Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДС и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади. Наместо реформи, произведуваат кризи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политички калкулации да бидат над интересите на државата. Реформите ќе продолжат, институциите ќе функционираат, а граѓаните сами ќе дадат оценка кој работи за Македонија, а кој работи само за дневнополитички спас. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook