Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
Шоу бизБритни Спирс ги шокира фановите со костумот за Ноќта на вештерките (ФОТО)Бритни Спирс објави вознемирувачки фотографии на кои позира крвава и врзана за подот.Нејзините фотографии во костимот за Ноќта на вештерките ги шокираа нејзините обожаватели. „5:45 ... Стигна ... Вратарот рече дека дошла сама! Отиде на вечера со две девојки и се напија... Се качила со такси дома, но соседот ја нашол на подот... Тоа е мистерија... Која би направила такво нешто. Имаше прекрасно семејство и секако ги немаше наоколу“, напишала меѓу другото пејачката под објавата. Нејзината долга објава ги збунила фановите. „Девојко, што зборуваш? напишал еден придружник. Некои обожаватели ја пофалиле Бритни за нејзиниот реален костим за Ноќта на вештерките - додека други признале дека биле шокирани од страшните фотографии. View this post on Instagram A post shared by Britney Spears (@britneyspears) „Ајде Бритни, не си играј така со нас“, „Буквално полудев мислејќи дека си повредена... Не плаши не`“, „Загрижена сум“, „Ова е црвено знаме и повикајте помош“, се само дел од коментарите под објавата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПретежно сончево со температура до 26 степениПретежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.-1 Берово, 2 Битола, 3 Струмица, 4 Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Велес, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, 6 Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 7 Крушево, 8 Виница. Според УХМР времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 20. октомври 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 20. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во она што вие би го сакале , владее голема мешаница. Нема да бидете јасни ниту за себе, а уште помалку за другите. Кариера Надредените ќе ве наведуваат на делување речиси во шаховски стил, а вие ќе ја предвидите нивната шема. Здравје и совет Подобро да останете пасивни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете настроени да ја идеализирате саканата личност и да и припишувате особини кои таа ги нема во реалноста. Кариера Она што тргна , веќе е во подем , а на вас останува да ја следите зацртаната насока без премногу коментари. Здравје и совет Бидете економични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува преоден пад на самодовербата , поради што малку ќе се повлечете во себе. Општо земено , односите ви се добри. Кариера Ќе препознаете финансики нестабилности , со кои ќе може да се изборите со помош на знаење. Ќе поработите на тоа. Здравје и совет Не сонувајте неможни работи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ни денеска нема да бидете целосно сигурни што е тоа што го очекувате од љубовта или од личноста што ви е драга. Кариера Кршејќи ги правилата , мислите дека напредувате, додека другите во тоа гледаат непочитување на луѓето околу вас. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Доколку се впуштите во мали промени во односот , нема да бидете ниту доследни , ниту упорни до крај. Одржете ја сегашната состојба. Кариера Необични предлози во делот на финансиите ќе направат да се замислите за нив . Не се реални. Здравје и совет Чувствителност на нервите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конфузијата што ќе зрачи од вас нема само да ја збуни саканата личност , туку и вас самите. Денеска бидете мирни. Кариера Тешко ќе соработувате со другите , зашто постојано ќе мислите дека се груби кон вас. Мора да останете професионални. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќе замисли едно , а вие друго. Тешко ќе се усогласите , па затоа е добро да не очекувате премногу. Мирувајте. Кариера Разумот ќе ве однесе напред и со негова помош ќе надминете мала напнатост на работното место. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Чувствителноста на партнерот поврзана со вашето неразбирање , па дури и грубост , ќе го направи овој ден доста неизвесен. Кариера Ќе се трудите ништо да не биде ниту премногу , ниту премалку , но тоа ќе ви одземе голем дел од енергијата. Здравје и совет Одморете се попладне. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ви биде важен сексуалниот живот. Ќе се обидете да го изненадите партнерот со некој новитет. Кариера Ќе контактирате со финансиски експерти за правилно да ги поставите работите и да ги свртите во своја полза. Здравје и совет Некои ќе имаат болки во стопалата. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ви изгледа како што повеќе се трудите , работите стануваат се полоши. Обрнете внимание на спонтаноста. Кариера Многумина ќе се чувствуваат несигурно. За да ви биде подобро , концентрирајте се на своето стручно знаење. Здравје и совет Чувајте се од настинки. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе се преобразат во вистински поети. Нивниот стил на изразување ќе ги стопи и најстудените срца. Кариера Можно е да одите на кусо службено патување на место каде што има вода. Ќе бидете реални и добро ќес е снајдете. Здравје и совет Не инсистирајте на детали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашето однесување и денеска ќе биде такво што лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во нивното друштво. Кариера Немојте во ништо да претерувате. Ситуацијата ќе ви оди во прилог , ако го следите природниот тек. Здравје и совет Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСолза Грчева и Иван Анастасовски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook