ЗабаваБритни чека бебе со ирански мигрант, кој работи како манекен (ФОТО)Пејачката Бритни Спирс објави дека го чека своето прво дете со вереникот Сем Асгари со кој е во долгогодишна врска.Но, кој е всушност свршеникот на познатата пејачка? Двојката се запозналас додека го снимале видеото за нејзината песна Slumber Party од 2016 година. „Отсекогаш сум го сакал само најдоброто за мојата поубава половина и ќе продолжам да ги поддржувам и следам нејзините соништа, како и да ја создавам иднината што таа ја сака и заслужува. Благодарен сум за љубовта и вниманието што го добива од нејзините фанови ширум светот и со нетрпение очекувам нормално, прекрасно време заедно.“, изјавил Сем Асгари за People за време на правната битка за старателството над Бритни. View this post on Instagram A post shared by Sam Asghari (@samasghari) Самиот Асгари е роден во Техеран, Иран, како најмлад од четирите деца, а кога имал 12 години, емигрирал во Америка и пристигнал во Лос Анџелес со својот татко. „Морав да ги напуштам пријателите и семејството, со кои бев многу близок. Знаев дека заминувам и дека никогаш нема да се вратам“, рече Асгари, кој играл фудбал за време на школувањето, а подоцна започнал сопствен бизнис, Асгари Фитнес, каде што нуди различни програми за личен тренинг и за план за исхрана на клиентите. "Бев многу мажествен - играв фудбал и отидов на Полициска академија. Тогаш носев кошаркарски шорцеви. Сестра ми тогаш рече дека ќе ме однесе на аудиција за модел, да одам со неа", открил во една прилика. View this post on Instagram A post shared by Sam Asghari (@samasghari) На 21-годишна возраст, тој ја имал својата прва модна ревија во Палм Спрингс, по што следеле големи ангажмани, вклучувајќи реклами за Super Bowl и Toyota Prius, а исто така добил мала улога во музичкото видео за Work from Home Fifth Harmony. Како што веќе споменавме, тој работел и на видеото на Бритни Спирс, а нивната прва средба ја опишал со зборовите дека „почувствувал пеперутки во стомакот“. „Таа рече „Здраво, јас сум Бритни“, а јас само реков: „Извини, како се викаш? Се обидов да бидам смешен, мислам дека никој не ме разбра“, се сеќава Асгари на нивната прва средба. додавајќи дека размениле броеви. После тоа отишле на суши и оттогаш се во среќна врска. "Таа ме мотивира повеќе од било кој друг. Лудо е колку е скромна личност. Да можев да бидам толку скромен и да постигнев онолку колку што има таа во животот, тоа ќе беше најдоброто нешто. Пораснав со три сестри , а мојата личност е таква што сакам да бидам поддршка за себе и семејството. Секогаш ќе ја поддржувам. Таа е уште еден благослов што ми се случи во мојот живот“, изјавил Асгари, кој не ја крие љубовта кон познатата пејачка. Сем клекнал и ја запросил Бритни минатиот септември, а таа веста за свршувачката ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Тој ѝ подарил четирикаратен дијамантски прстен на кој е изгравиран зборот „лавица“. Парот сега објави дека чека бебе, а Асгари не крие дека со нетрпение ја очекува нивната заедничка иднина. View this post on Instagram A post shared by Sam Asghari (@samasghari) "Бритни е многу возбудена што конечно ќе почувствува целосна слобода. Таа сака нов живот со Сем и сака да направи многу промени. Возбудена е да продолжи понатаму и да го затвори овој период од нејзиниот живот. Бритни и Сем сакаат да живеат поблиску до градот и разговараат за купување нов дом. Бритни сака нова енергија“, изјавил неодамна извор близок на парот. „Таа е возбудена што конечно ќе биде опкружена со луѓе и што ќе може да го прави она што го сака. Тоа е многу ослободувачко чувство за неа и таа е возбудена поради тоа. Таа не била толку среќна долго време и сè уште го апсорбира сето тоа. “ додал изворот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00