Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријава
1Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и спречување пожари
2Лишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријава
БизарноБританско радио по грешка објави дека Кралот Чарлс Трети починалБританското радио „Каролина“ по грешка објави дека Кралот Чарлс Трети починал. Радиостаницата што ја емитува програмата низ целиот јужен дел на Англија нагло ја прекина програмата за да ја пушти веста за наводната смрт на Кралот. – Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, постапката за смртта на Кралот, која сите станици во Велика Британија ја чуваат во режим на подготвеност со надеж дека нема да биде потребна, беше случајно активирана во вторник попладне 19 мај, погрешно објавувајќи дека неговото височество Кралот починал – напишал водителот на радиостаницата Питер Мур на фејсбук.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Скопје, СВР Штип и СВР Велес за безбеден сообраќај и спречување пожариДенеска (10.06.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, на територија на ПС Гази Баба реализираа превентивна активност насочена кон спречување на пожари. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожар е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Исто така, на територија на ПС Гази Баба, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди. Целта на активностите беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, при што беше укажано на обврската за носење заштитен шлем. Превентивни активности за безбеден сообраќај реализираа и полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип, а полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачје на Велес. На пешаците им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации, а на возачите да не возат под дејство на алкохол и да го користат сигурносниот појас и секако да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода лице од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква, следува соодветна пријаваНа 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје - Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица.. Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за транспорт: Реакција на прес конференцијата на СДСМДенешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за транспорт даде позитивно мислење. Развојот на спортската инфраструктура е приоритет и ние силно ја поддржуваме. Општина Аеродром ја има нашата цела поддршка. Целата постапка од страна на општината е целосно транспарентна и согласно сите регулативи. Министерство за транспортТагови: Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter