Британско истражување: Електричните авотмобили во зима губат и до 30 проценти од досегот(ВИДЕО) - Канал 5

Британско истражување: Електричните авотмобили во зима губат и до 30 проценти од досегот(ВИДЕО)

Досегот, заедно со цената, е главната тема на дискусија за електричните автомобили, особено кога се споредуваат со оние на конвенционален погон.

Британско истражување: Електричните авотмобили во зима губат и до 30 проценти од досегот(ВИДЕО)

Без разлика дали сакате да признаете или не, сè укажува на фактот дека возилата напојувани од фосилни горива и оние на електрична енергија имаат една сличност - декларираната потрошувачка на гориво/енергија е невозможно да се постигне во пракса. Затоа, тестовите за проверка на опсегот јасно укажуваат на употребливоста, особено на електричните автомобили. И покажаа дека при ниски температури на околината досегот опаѓа и до 30 проценти.

Најновото истражување е спроведено од What Car?, кој подложиле десетина електрични автомобили на тест за досег. Автомобилите со целосно наполнети батерии биле оставени надвор во текот на ноќта на температури блиску до 0⁰C. Вториот ден возилата биле однесени на тест патеката.

Иако се очекуваше Mini со најмалата батерија и најмал досег прв да падне, кинескиот Ora Funky Cat First Edition имаше најголем пад на досегот. Наместо 310 километри, тој поминал 208 километри или 33 отсто помалку. Renault Megane E-Tech (32,1%) исто така имаа над 30 проценти намалување на досегот, додека Tesla Model Y LR (17,8%) и Nissan Ariya (16,4%) имале најмало намалување на досегот.

Ако гледаме на ефикасноста, односно потрошувачката на енергија, работите се малку поинакви. Се очекувало Volkswagen ID да има најголема потрошувачка. Buzz, кој поминува 4 km со 1 kWh енергија. Најефикасен е лесниот Mini, кој со исто толку енергија ќе помине 6,3 километри. И тоа е подобар резултат од декларираниот.

Три модели од тестот биле проверени од авторите на истражувањето и во текот на летото кога температурите биле од 24 до 29 °C. Досегот на студено време на Tesla Model Y паднал за 11,8%, Cupra Born изгуби 20,6% од досегот, а BMW i4 21,6%.

YouTube video

За потсетување, InsideEVs Italia спроведе сличен тест на практичната проверка на досегот. Забележано е намалување на досегот во споредба со WLTP, од 16 до дури 31%, во зависност од моделот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер