Британскиот премиер покажа како игра фудбал, сите му се смеат, а снимката е хит (ВИДЕО)

Британскиот премиер Риши Сунак ги покажа своите фудбалски способности.

Тој се приклучи на тренинзите на младите фудбалски надежи во фудбалскиот клуб Чешам Јунајтед. Но, ситуацијата не одела како што планирал.

Риши ја водеше фудбалската топка и се обиде да ги совлада конусите. Облечен во бела кошула и панталони, тој дриблаше околу конусите, но се сопна на еден. Во тој момент сите го гледаа, а многумина го снимаа. Едно од објавените видеа има 6,7 милиони прегледи.

Затоа видеото од неговиот дриблинг се рашири на социјалните мрежи и сега многумина се потсмеваат на тоа. Некои се шегуваат дека неговиот настап ја заслужил Златната топка.

Се разбира, не ѝ требаше многу време на Лабуристичката партија да се подбива со премиерот. „Срамно“, напишаа покрај видеото објавено на X, а потоа направија своја компилација на TikTok. Тие ги споредија фудбалските вештини на Риши Сунак со оние на нивниот лидер Кеир Стармер.

@uklabour Stumble with Sunak or Cook with Starmer #ukpolitics #generalelection #toriesout ♬ original sound - UKLabour

Собранието гo избра составот на Буџетскиот совет на Собранието

 Собранието на денешната петта седница ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа пратениците - Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.

За претседател на Советот на Собранискиот канал е избран Јован Митревски, актуелен потпретседател на Собранието. За членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците - Ели Панова, Марија Митева, Благица Ласовска, Санарда Имери-Стафаи, Аднан Азизи, Бобан Карапејовски, Горан Мисовски, Даниела Николова, Дијана Тоска и Илир Демири. За заменици-членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците - Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Драгана Арсова, Имрлије Салиу-Фетаи, Садик Сулејмани, Даниела Белимова, Митко Белимова, Митко Трајчулески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Рина Ајдари и Сали Мурати.

Во рамки на денешната пленарна седница беше потврдена оставката на Сеат Личина поднесена на 23 април 2024 година од функцијата член на Регулаторната комисија за домување. Исто така, на оваа седница беше констатиран престанок на мандатот на Валентина Димовска од функцијата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво заради исполнување на условите за старосна пензија.

Ијан Меккелен паднал од театарска сцена и се повредил

Сер Ијан Меккелен, последниве десетлетија познат по улогите во „Господарот на прстените“ и „Икс-мен“, паднал од сцена за време на театарска претстава во Лондон.

Британскиот глумец наводно се сопнал од реквизитите и потоа почнал да вика од болка, пишува „Дејли мејл“.

„Помогнете ми, моите раце...“ - повторувал Меккелен (85) во театарот „Ноел Кауард“, каде што глумел во „Кралски игри“ (Player Kings). Лекарите од публиката му пришле на помош, а набрзо пристигнала и брзата помош којашто го пренела глумецот в болница. Публиката беше изведена надвор од театарот со известување дека претставата е откажана. Од театарот потоа соопштија дека Меккелен се чувствува добро и се очекува брзо закрепнување, но додадоа дека, „за да му се даде време за одмор“, следната претстава што требаше да се одржи - е откажана.

- Сите беа преплашени кога тоа се случи, поради неговата возраст се плашевме дека тоа може да биде смртоносно за него, изјави еден посетител.

Инаку, претставата „Кралски игри“, со приказна сместена во Англија во раниот 15. век, игра во истиот театар до јули, а потоа треба да гостува низ театрите ширум Велика Британија. /МИА

Почина Стојан Андов

 На 89 годишна возраст почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија.

Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987).

Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект. По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет.

Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.

На првите повеќепартиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година.

На вторите повеќепартиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година.

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на изборите во 1998 година.

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година.

На 30 ноември 2000 година повторно беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија, функција што ја извршуваше до октомври 2002.

притисни ентер