Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето
2ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
1Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ТехнологијаБританскиот премиер најави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 годиниБританскиот премиер Кир Стармер денес најави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните медиуми.„Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, рече Стармер на прес-конференција, пренесува Скај њуз. Стармер нагласи дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. Тој, исто така, ја нагласи опасноста од штетна содржина на која се изложени децата. „Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој. Ограничувања и за платформите за игри Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци. Тој додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање. „Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер. Извор: Индекс.хрТагови: социјални медиуми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?Наскоро се очекува одлука за казната на а нглискиот фудбалски гигант Манчестер Сити поради прекршување на финансиските правила, иако сигурно ќе следат жалби, што укажува на долг процес. Во меѓувреме, се појавуваат предлози за можни санкции- „The Athletic“ открива еден таков предлог кој не вклучува исфрлање од лигата, туку мерка што би го спречила клубот да се натпреварува во Лигата на шампионите во текот на неколку години. Откако минатиот петок медиумот објави дека клубот е прогласен за виновен, новинарот Адам Крафтон во подкастот на *The Athletic* сподели детали од разговор со поранешен високорангиран функционер на Премиер лигата. Тој функционер го изнел својот предлог за санкции уште во 2023 година, кога скандалот првпат изби во јавноста. „Неговата идеја беше на клубот да му се одземат 20 до 25 бода во текот на следните три до пет сезони. Во пракса, тоа би го направило пласманот во Лигата на шампионите речиси невозможен и, во најдобар случај, би го оставило клубот во средината на табелата во тој период“, изјави Крафтон. Засега, ова е само еден од неофицијалните предлози за кои се дискутира. Конечната одлука за казната на Манчестер Сити ќе биде донесена дури откако ќе заврши целиот правен процес. Доколку Манчестер Сити биде казнет на овој начин, тоа би претставувало огромен спортски и финансиски удар за клубот. Сити континуирано настапува во Лигата на шампионите од 2011 година и го освои натпреварувањето во 2023 година. Со неиграњето во Лигата на шампионите, клубот би го изгубил престижот што овозможува привлекување ѕвезди кои сакаат да играат во најсилното натпреварување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањетоОпштина Центар го санираше и реновираше платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“. Платото веќе подолго време протекуваше, а водата навлегуваше во салата и во ходниците на училиштето.Во рамки на градежно-санациските работи, платото е целосно обновено. Отстранети се сите постојни слоеви до конструкцијата, а поставени се нова хидро и термоизолација, нова кошулка и нови плочки. Направени се и решетки за површинско одводнување на атмосферските води. За учениците се поставени нови клупи за одмор, со што платото повторно е во функција на учениците. Дополнително се обновува и оградата во училиштето. „Долго време оваа површина беше сериозен проблем за училиштето. При посилни врнежи, водата ја поплавуваше спортската сала и ходниците, па затоа беше потребна целосна санација, а не привремено решение. Со новата хидро и термоизолација и целосното уредување на платото, го решаваме проблемот и обезбедуваме подобри услови за настава“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар континуирано вложува во училишната инфраструктура и создава поквалитетни услови за учење, спорт и секојдневен престој на учениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСледете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од МакедонијаЕвропскиот совет за попис на птици ја претстави новата верзија на Европскиот портал за птици, преку кој во реално време може да се следи неделната распространетост на речиси 600 видови птици, колку што се среќаваат на европскиот континент. Благодарение на платформата ptici.mk што пред две години ја разви Македонското еколошко друштво (МЕД), во живо се евидентираат и набљудувањата на птици направени во нашата земја. Преку Европскиот портал на птици може лесно и да се спореди моменталната распространетост на кои било два вида птици што се среќаваат во Европа. Тука се прикажани селската ластовичка (лево) и белиот штрк (десно). Сето ова е возможно благодарение на огромниот обем на податоци што редовно ги доставуваат над 200.000 волонтери-набљудувачи на птици до различните онлајн-портали за евиденција на птици во Европа: 750 милиони записи за птици од 2010 година наваму, од кои 76 милиони само во 2026 година. Сите овие податоци автоматски и на дневна основа се доставуваат до централната база на податоци на Европскиот портал за птици, со што се овозможува секојдневно ажурирање на сите карти во алатката за преглед со најновите информации. Овој огромен проток на податоци за биолошката разновидност - најголемиот што моментално функционира во Европа со ажурирање во речиси реално време - се реализира преку Програмата „Лајф“ на Европската Унија и благодарение на тесната соработка на мрежа од 52 орнитолошки и еколошки организации од 41 различна земја. Една од нив е и Македонското еколошко друштво кое сакајќи да го поддржи растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, ја разви платформата ptici.mk во рамките на проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“. Од нејзиното официјално пуштање во употреба во 2024 година до денес, на ptici.mk се внесени над 50.000 записи кои се „видливи“ и многу пошироко со оглед на тоа што платформата е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици. „Користиме структурирани и стандардизирани протоколи за собирање податоци и унапредување на граѓанската наука без која ваквите потфати би биле невозможни. Така придонесуваме за поголема географска покриеност и подобрен квалитет на целокупните податоци за птици собрани во Југоисточна и Источна Европа. Ова е исклучително важно, бидејќи без континуирани и квалитетни податоци не може да се планира заштитата на природата, ниту соодветно да се управуваат значајните подрачја за птиците и нивните преселни патишта“, потсетува Данка Узунова, орнитолог и координаторка на проектот во МЕД. Новата алатка истовремено претставува и признание за клучната улога на илјадниците волонтери-набљудувачи на птици и покажува како ваквите поединечни локални придонеси можат да се обединат во корист на заштитата на птиците и подигнувањето на јавната свест на европско ниво, смета Габриел Гаргало од Каталoнскиот орнитолошки институт, главен координатор на европскиот проект. Токму значителните подобрувања во географскиот опфат, бројноста, квалитетот и поврзаноста на податоците во еден портал се од витално значење за правилно разбирање на сезонските обрасци на распространетост на птиците, промените во нивната бројност и следењето на популациските трендови на подолг временски рок. Собирањето на ваквите податоци е дотолку поважно имајќи предвид дека ја даваат основата на важни извештаи како што е најновиот извештај на „Брдлајф Интернешнал“. Насловен „Состојбата со птиците во светот“, тој укажува дека опаѓаат популациите на дури 41 % од птиците-преселници долж африканско-евроазискиот преселен пат, во кој влегува и Македонија. Оттука, освен што недвосмислено помагаат да се документираат и следат популациите на птици, ваквите сознанија и податоци даваат и насоки како да креираме политики и како да ги спроведуваме активностите за заштита на птиците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook