Британскиот премиер го откажа семејниот одмор поради немирите во земјата

 Новиот британски премиер Кир Стармер кој ја презеде функцијата по победата на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори во земјата на почетокот на минатиот месец, го откажа планираниот одмор поради немирите во Велика Британија, јави ДПА

Се очекуваше Стармер овој викенд да замине на одмор во Европа со своето семејство. Наместо тоа, тој ќе работи до крајот на следната недела во својата канцеларија на Даунинг стрит 10, како и во премиерската резиденција во Чекерс.

Стармер рече дека полицијата треба да остане во состојба на висока готовност во текот на викендот, иако засилената реакција на органите за спроведување на законот и брзото изрекување на казните на бунтовниците помогнаа да се подобри ситуацијата.

Насилството предизвикано од екстремно десничарските групи ја потресува Велика Британија повеќе од една недела како прв голем внатрешен политички тест за новата лабуристичка влада. На немирите му претходеше убиство на три деца од страна на млад човек чии родители се од Руанда во градот Саутпорт, северозападна Англија.

Повеќе луѓе вчера се појавија на суд во врска со неодамнешните немири, кога се одржаа протести против расизмот во голем број градови во Велика Британија, вклучувајќи ги Единбург и Белфаст. Само во главниот град на Северна Ирска на улиците излегоа околу 15.000 луѓе. /МИА

Му плаќаат по 500 евра за да растура свадби, бизнисот му цвета: Распродаден сум до ноември

Средовечен Шпанец по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари.

Тој објави видео на TikTok кое предизвика големо внимание и неверување кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја.

Имено, Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на младоженецот“ и на тој начин да се откаже венчавката, односно да спречи „несакан брак“.

Тој станал тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат венчавката им зборува како за „најлошиот кошмар“, наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

За основна такса од 500 евра ќе се претстави како „љубов на животот на невестата или младоженецот“, молејќи ги да ја прекинат венчавката и да побегнат со него.

„Ако се сомневате во бракот или вашиот партнер, не сакате да се омажите, а не знаете да кажете не, не грижете се. Ќе ви ја откажам свадбата“, вели Ернесто.

Тој додава дека му треба времето, местото и датумот кога ќе се договара венчавката, а за останатото ќе се погрижи сам, пренесува Oddity Central.

Ернесто целата приказна ја започнал на шега, но наводно бил преплавен со барања од заинтересирани. Тој тврди дека наплатува 500 евра, во кои не се вклучени патните трошоци и доплата за „неочекувани инциденти“.

На пример, ако некој му удри шамар или бокс, ќе бара повеќе пари. Секоја шлаканица чини 50 евра!

„Се обидувам да се сокријам, но свесен сум дека кога ме удираат, добивам повеќе пари. Значи, ако можам да одам побавно, одам побавно. Така заработувам“, објасни тој.

@yahorasonsoles 👀 Un negocio que rompe matrimonios: se ofrece a destrozar tu boda por 500 euros. La propuesta de Ernesto triunfa entre los recién casados: "Si tienes dudas o no te quieres casar y no sabes cómo negarte, no te preocupes, yo me opondré a tu enlace". .#YAS #boda #rompebodas #casarte #matrimonio #risas ♬ sonido original - Yahorasonsoles

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека е „распродаден до 2 ноември“.

Автобус слета од пат во близина на Мачу Пикчу во Перу, повредени се над 30 туристи (ФОТО)

Над 30 туристи се повредени кога автобус излетал од пат во Перу, во близина на древниот град на Инките, Мачу Пикчу, објави порталот Перу 21.

„Околу 32 туристи се повредени и сите се однесени во градот Куско“, изјави претставник на перуанската полиција.

Порталот јавува дека возачот на автобусот изгубил контрола бидејќи видливоста била намалена поради магла.

Меѓу повредените има шест Италијанци, пет Мексиканци, двајца Јапонци и еден Кинез.

Полицијата отвори истрага за несреќата.

За 25 милиони долари се продава „куќата на гревот“ во Лас Вегас, сопственикот се сели од САД

Ден Билзериан се сели од „градот на гревот“ Лас Вегас. Односно се сели од САД.

Тој ја продава луксузната вила во која живеел и се забавувал за 25 милиони долари, што ја прави најскапиот имот во градот во моментов. Агент за недвижности изјави за TMZ дека „никогаш не видел нешто слично“.

Огромниот имот, кој се наоѓа во луксузната населба Spring Valley, изгледа како игралиште за возрасни. Има седум спални соби, 14 бањи и гаража која може да собере 16 автомобили. На 3.700 квадратни метри има карпа за качување, игралиште за хокеј на ролери, теретана, кино, соба со тобогани, огромен базен, винарска визба која тешко се гледа и во најголемите винарии, но и соба за оружје...

„За 25 години работа со недвижен имот никогаш не сум видел нешто слично. Трошоците за изградба беа над 20 милиони долари во времето кога беше изграден. Откако Дан го купи овој имот, тој инвестирал милиони за дополнително подобрување на имотот. Квалитетот на градбата и завршните работи се најдобро што сум ги видел, тој увезуваше материјали од целиот свет“, изјавил агентот за недвижности Френк Наполи II.

Билзериан сега ќе живее делумно во Дубаи, а делумно на Бали. Тој планира да го интернационализира својот бренд Ignite.

Ден Билзериан е самопрогласениот „крал на Инстаграм“ кого на социјалната мрежа го следат 32 милиони луѓе. Билзериан тврди дека своето богатство го стекнал на турнири во покер и дека заработил 50 милиони долари во период од 14 месеци. Некои други во светот на покерот тврдат дека ова е едноставна лага и дека тој сигурно не заработил толку пари од покер.

Vice еднаш напишале дека Билзеријан ужива во незаконски стекнатото богатство на неговиот татко. Ден ги оспорил тие тврдења, велејќи дека „луѓето веруваат во секакви работи“.

притисни ентер