Британскиот Парламент денеска гласа за Брегзитот, веројатно ќе го отфрлат (ВИДЕО)

Бритаснката премиерка Тереза Меј денеска е соочена со историски пораз на гласањето за нејциниот договор за Брегзит во Парламентот , поради што Британија ќе се најде во незавидна положба.

Само на два и пол месеци од предвиденото излегување на Британија од Европската Унија , Очекуваниот пораз на Тереза Меј остава отворени низа праѓања , пишуваат британските медиуми. Меѓу другите се поставуваат прашања дали Британија ќе може да излезе од ЕУ без договор, се до одржување на нов референдум со што Брегзит би бил целосно запрен.

Додека на Британија и се заканува најголема политичка криза во последните педесет години , портпаролот на Меј вели дека таа бргу ќе одгвори на резултатите од гласањето.

Седницата на британскиот Парламент на кој ќе се гласа за Договорот за Брегзит на Меј почнува вечерва во 19 часот по локално време.

ДИК: СДСМ 35.244, ВМРО-ДПМНЕ 103.283...

Според досега обработените гласови коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ освоила 35.244 гласови (12.02%).

Коалицијата „Твоја Макеоднија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 103.283 (35,24%).

Овие бројки се однесуваат на 1.282 обработени избирачки места од вкупно 3.477.

Италија им забрани на хуманитарните организации да ги користат аеродромите до мигрантските рути

Италија вчера соопшти дека авионите што ги користат добротворните невладини организации (НВО) за следење на бродовите со мигранти во неволја повеќе нема да можат да летаат од аеродромите на островите Сицилија, Пантелерија и Лампедуза.

Одлуката, објавена од италијанската управа за цивилно воздухопловство (ENAC), ќе им отежне на невладините групи, како што е Sea Watch, да ги користат нивните мали авиони за да бараат бродови на кои им треба спасување во централниот дел на Медитеранот.

„Ова е чин на кукавичлук и цинизам од страна на оние кои ги криминализираат невладините организации за политичка пропаганда“, се вели во објавата на Sea Watch на X, додавајќи дека сè уште планираат да летаат за да им помогнат на мигрантите на кои им е потребно.

Во писмената одлука, ENAC рече дека авионите се „неоправдани“, претставуваат товар за официјалните спасувачки тимови и ризикуваат да ја загрозат безбедноста на мигрантите без документи.

Флавио ди Џакомо, портпарол на Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), рече дека италијанската одлука „може да ги попречи напорите за спасување животи“.

Набљудувачките авиони на невладините организации редовно наоѓаат бродови во неволја и ги наведуваат спасувачите до нивната локација.

„Си воч“ соопшти дека целта на одлуката е да го спречи светот да види што се случува.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја презеде функцијата во 2022 година, ветувајќи дека ќе се бори против мигрантите од Африка.

Владата вели дека нејзините мерки функционираат и затоа ги намалуваат давениците за време на опасниот премин. Досега оваа година, 17.666 мигранти стигнале до Италија со брод во споредба со 44.739 во истиот период во 2023 година, според официјалните податоци.

ДИК: Силјановска Давкова 128.185, Пендаровски 62.726

Првични резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 33,10% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 62,34% од гласовите или 128.185 гласови. Стево Пендаровски освоил 62.726 гласови или 30,50%.

притисни ентер