Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветБританскиот министер за одбрана претстави поморски сили за одбрана на подводната инфраструктураПодводната инфраструктура е клучна за поврзаноста на Велика Британија, преку која се пренесуваат 99 проценти од меѓународните телекомуникациски податоци и витални енергетски ресурси како електрична енергија, нафта и гас. Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници се подготвени да ги „следат и одвратат“ руските подморници, откривајќи ги плановите за нови високотехнолошки сили вредни повеќе милиони фунти за заштита на подводните кабли и цевководи. Хибридните поморски сили, именувани „Атлантски Бастион“ (Atlantic Bastion), ќе комбинираат автономни возила и вештачка интелигенција (ВИ) со воени бродови и авиони за да ги идентификуваат заканите за подводната структура и да ги бранат од напади, пренесе ДПА. Подводната инфраструктура е клучна за поврзаноста на Велика Британија, преку која се пренесуваат 99 проценти од меѓународните телекомуникациски податоци и витални енергетски ресурси како електрична енергија, нафта и гас. Овој потег доаѓа откако неодамна беше објавено дека каблите во Балтичкото Море се оштетени, а одбранбеното разузнавање на Велика Британија утврди дека Русија ја модернизира својата флота за да таргетира подводни кабли и цевководи. Зборувајќи за време на посетата на поморската база Портсмут, Хили за Прес асошиејшн изјави: „Знаеме што прави Путин. Знаеме што развива Путин“. - И видовме во последниве недели, на пример, нивниот шпионски брод, Јантар, како влегува и излегува од водите на Обединетото Кралство, а ние сме способни да ги најдеме, без разлика дали се на површината или под вода. Ние сме способни да ги најдеме, да ги следиме и, доколку е потребно, подготвени сме со сојузниците да дејствуваме за да ги одвратиме, рече тој. „Атлантска Бастион“ ќе вклучи развој и тестирање на најсовремена сензорска технологија против подморници. - Луѓето не треба да се сомневаат во новите закани со кои се соочува Велика Британија и нашите сојузници под морето, каде што противниците таргетираат инфраструктура што е толку критична за нашиот начин на живот, додаде Хили. - Оваа нова ера на закани бара нова ера за одбрана и мора брзо да иновираме со темпо како во воено време за да ја задржиме предноста на бојното поле додека ја спроведуваме стратешката одбранбена ревизија. Нашата пионерска програма „Атлантски Бастион“ е нацрт за иднината на Кралската морнарица, рече британскиот министер. Тој информира дека програмата ги комбинира најновите автономни и ВИ технологии со воени бродови и авиони од светска класа за да создаде високо напредни хибридни борбени сили за откривање, одвраќање и поразување на оние што се закануваат. Проектот е почнат со 14 милиони фунти рана инвестиција од Министерството за одбрана и индустријата за тестирање и развој, при што предлози поднеле 26 фирми од Велика Британија и Европа. Тагови: Британија министер за одбрана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter