Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
1Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
2Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
1Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотБритански полицаец ја дрогирал сопругата за да ја силуваат мажи на свингерски забави Осрамотен полициски инспектор, наводно, ја дрогирал својата сопруга за да можат мажи на свингерските забави да ја силуваат, се дознава, пред нејзиното тело да биде пронајдено во хотелска соба натопена со крв.Ворен Артер (54) бил уапсен по обвинувањата за контрола над неговата сопруга Ребека, изнесени од еден нејзин роднина, како и за голем број прекршоци поврзани со дрога. Артер, кој работел во одделението за силување, бил отпуштен поради грубо недолично однесување во мај минатата година. Ова се случило откако тој бил суспендиран на шест години со целосна плата за земање дрога и нудење да снабдува свингерски забави. Посрамениот детектив бил пронајден мртов во својата ќелија во затворот Вандсворт претходно оваа година, помалку од една недела откако бил обвинет за недолично однесување. Тој требало да се појави пред судот во Вулвич во јули, откако е обвинет за недолично однесување на јавна функција по наводите дека имал несоодветен контакт со жртва на криминал. Артер е уапсен и под обвинение за силување и сексуален напад на друга жена. Сега се дознава дека неговата сопруга Ребека (47) била пронајдена мртва во хотелска соба на Барбадос целата прекриена со крв, две недели пред неговата смрт. Нејзините пријатели тврдат дека таа претрпела болна злоупотреба од Артер, вклучително и дрогирање и силување додека била во несвест. Тие тврдат дека Артер, кого го запознала откако пријавила семејно насилство, ги охрабрувал и другите мажи на забавите да ја силуваат. Сан објави дека Артер дополнително е приведен под обвинение за воајеризам, испраќање злонамерни комуникации и уцени. Ребека го запознала Артер во 2007 година кога пријавила семејно насилство во полиција, а Артер бил истражител, наредник-детектив кој работел во единицата за безбедност на заедницата. Тие почнале да излегуваат, што било дел од неговиот модел на несоодветни односи со ранливите жртви. Шест месеци по средбата со Ребека, тој се преселил во домот во кој што таа живеела со нејзиниот син Елиот во Велинг, јужен Лондон, и се венчале во Лас Вегас во 2016 година. Но, кога се вратиле од меден месец, го чекале антикорупционерите и бил суспендиран од должност поради сомневање дека имал секс со ранливи жртви на силување. Пријателите рекоа дека тој ја натерал да носи откриена облека и чевли со високи потпетици. „Таа не беше жената каква што беше кога го запозна Ворен“. Во 2018 година, тој повторно бил уапсен под сомнение за снабдување со дрога и коруптивна злоупотреба на полициски овластувања, а на неговиот телефон биле пронајдени 3.000 пораки, многу од нив поврзани со свингерски забави. До моментот кога полицијата го отпуштила, двојката си натрупала долгови, Ребека повторно го ставила под хипотека својот дом и продала друг имот што го поседувала. Но, тој можел да ја побара својата пензија откако избегнал кривична постапка, која двојката ја искористила за да одлетаат за Барбадос во јуни. Девет дена подоцна, Артур ја нашол Ребека мртва со крв по чаршафите и тепихот во луксузен хотел. Таа починала од огромно крварење во белите дробови предизвикано од вирусна инфекција, а во нејзиното тело бил пронајден и кокаин. Извор за The Sun изјавил: „Очигледно изгледаше како сцена на убиство со крв насекаде. Истрагата за нејзината смрт ќе се одржи подоцна во Лондон. Тие рекоа дека на полицијата ѝ било кажано дека Артер испратил видео на пријател на кое се гледа како Ребека има секс со маж додека изгледа дека е во несвест. Артер потрошил повеќе од 3.000 фунти од кредитната картичка на Ребека во Барбадос во деновите по нејзината смрт. Тој, наводно, давал различни приказни за тоа како го нашол нејзиното тело, велејќи дека се сончаат и се вратил во собата, а потоа се разбудил два часа подоцна и ја нашол мртва. Тој исто така рече дека излегле на вечера и дека спиел 18 часа пред да ја најде мртва. До моментот кога телото на Ребека било вратено во Британија, Артур умрел во затвор. Се проценува дека заработил околу 400.000 фунти откако Скотланд Јард го суспендирал во 2016 година поради обвиненијата дека ја злоупотребил својата положба „за сексуални цели“. Тој е обвинет за вознемирување на жртвите на сексуални престапи помеѓу 2006 и 2013 година, кога бил детективски наредник кој водел истражен тим за силување, кој добил награда за најдобра стапка на откривање на полицијата во 2009 година. Полицијата пронашла фотографија од полицаецот како седи на софа пред огледало со бели линии во прав и картичка на масичката во неговата дневна соба. Втората слика покажува пластични кеси со бел прав на комплет дигитални ваги. На тридневното сослушување за недолично однесување му беше кажано дека обесчестениот полицаец постојано купувал кокаин и МДМА помеѓу 2016 и 2018 година и редовно присуствувал на забави на кои отворено се конзумирале кокаин и крек, на што тој замижувал. На неговиот телефон и iPad биле пронајдени траги од кокаин. Утврдено е дека тој ги прекршил полициските стандарди за професионално однесување поради однесување што го дискредитира авторитетот, почитта и учтивоста, должноста и одговорноста, чесноста и интегритетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисКуриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!Легендите на светскиот тенис Грег Руседски и Џим Куриер се согласуваат: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а неговата статистика го потврдува тоа.Поранешните тенисери Грег Руседски и Џим Куриер, кои сега работат како тениски аналитичари и новинари, во подкастот „Off Court With Greg Rusedski“ разговараа за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња – но сосема накратко. Немаше простор за полемики, бидејќи тие се согласија дека тоа е Новак Ѓоковиќ, што е поткрепено со многубројни аргументи. Ѓоковиќ има најмногу освоени гренд слем титули (24) и мастерс титули (40), а исто така поминал и најмногу недели на врвот на АТП-листата (428) во најсилната тениска ера во историјата. Покрај тоа, тој има освоено и олимписко злато, а во меѓусебните дуели е поуспешен и од Федерер и од Надал. Сепак, и покрај овие факти, многумина се обидуваат да наметнат други аргументи, како што се елеганцијата, влијанието врз тенисот и џентлменското однесување – категории што не можат објективно да се измерат или потврдат. Токму затоа, и Руседски и Куриер истакнуваат дека таквите аргументи не можат да бидат релевантни во спортот, каде резулатите се оние што одлучуваат. Во врска со констатацијата дека некои застануваат на страната на Федерер, поранешниот грен слем освојувцач Џим Куриер објаснува дека тоа зависи од личните преференции, но дека тоа не може да послужи како аргумент дека некој е подобар: „Па, тоа целосно зависи од поединецот. Тоа е една од оние работи што се поврзани со левата и десната хемисфера на мозокот. Како го гледате светот? Дали сте емотивна личност или повеќе се потпирате на бројки?“, вели Куриер. „Јас сум емотивен, но во вакви дискусии повеќе се потпирам на бројките. Едноставно, ја ставам мојата ’адвокатска капа‘. Како би можел да добијам дискусија ако од едната страна ги имаме Рафа, Пит, Роџер или Род Лејвер, а од другата – статистичките показатели на Новак? Мислам дека бројките на Новак секогаш би победиле“, нагласува Куриер, додавајќи дека не постои аргумент што може да го „оспори“ она што оди во прилог на Новак Ѓоковиќ. „За мене, Новак е најдобриот тенисер на сите времиња, а неговата константност е клучна. Никогаш немам видено некој на 39-годишна возраст да игра на толку високо ниво како него. Притоа, тој играше против различни генерации тенисери. Беше тука во времето на Енди Мари, кога тој и Рафаел Надал доминираа, а Новак рече: ’Не, не, јас ќе најдам решенија‘. Претходно имаше проблеми со дишењето, имаше проблеми со физичката подготвеност, но најде начин да ги надмине“, изјави Руседски. „Покрај тоа, тој секогаш се бореше за она во што веруваше како човек. За време на пандемијата на коронавирусот, тој не играше бидејќи одби да ја прими вакцината, иако можеше да избере полесен пат. Има толку многу работи кај Новак што ги ценам. А оваа година имаше можност да ја освои својата 25-та гренд слем титула.“ На крајот, Руседски вели: „Ако стигне до 25, тогаш веќе нема да има простор за дискусија, но тоа е малку веројатно. Сепак, кога ќе кажете дека нешто е малку веројатно за еден од големите шампиони, понекогаш тој знае да ве изненади.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНОВАТА OPEL CORSA GSE ЈА ОВОИ НАГРАДАТА ‘ЗЛАТЕН УПРАВУВАЧ 2026‘„Најдобар мал автомобил“: Најмоќната Corsa досега уште еднаш го потврдува статусот на Corsa како водечки модел во класата на мали автомобили. „Најдобар мал автомобил“: Најмоќната Corsa досега уште еднаш го потврдува статусот на Corsa како водечки модел во класата на мали автомобили. Мотоспорт ДНК: 207 kW (281 КС), вртежен момент од 345 Nm и забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди, побрза од кој било друг актуелен сериски модел на Opel. Успех низ годините: Досега, производителот од Rüsselsheim има освоено вкупно 23 награди. Комбинирани вредноси за Opel Corsa GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 16.0-17.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Комбинирани вредноси за Opel Mokka GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Во Opel, кратенката GSE означува „Grand Sport Electric“ или со други зборови, возбуда, брзина и емоции. Новата Opel Corsa GSE е уште една потврда за тоа. Најмоќната верзија досега на овој бестселер во класата на мали автомобили ги надмина своите конкуренти и ја освои наградата „Златен управувач 2026“ во категоријата „Најдобар мал автомобил“. Со освојувањето на ова престижно признание на јубилејното, 50-то доделување на наградите „Златен управувач“, Corsa GSE на импресивен начин потврдува дека ја пренесува спортската традиција на Opel во светот на hot hatch моделите во електричната иднина, истовремено нудејќи разновиден спортски автомобил за секојдневна употреба, достапен за широк круг возачи. Новата Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, го импресионираше експертското жири на „Златниот управувач“, исто како што неодамна предизвика воодушевување кај претставниците на медиумите и пошироката јавност за време на своите претставувања на саемите во Париз и Цирих. „Нашите нови GSE модели ги претставуваат високоперформансните верзии во широката понуда на Opel. Тие покажуваат колку електричната мобилност може да биде возбудлива и динамична, а истовремено да ги привлече сите категории купувачи. Им благодариме на читателите и на експертското жири на AUTO BILD and BILD am SONNTAG што ја доделуваат наградата „Златен управувач“ на модел од семејството GSE, овојпат на Opel Corsa GSE. Ова е јасна потврда за тоа колку нашите спортски автомобили за секојдневна употреба оставаат силен впечаток и инспирираат“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl. „Нашите нови GSE модели ги претставуваат високоперформансните верзии во широката понуда на Opel. Тие покажуваат колку електричната мобилност може да биде возбудлива и динамична, а истовремено да ги привлече сите категории купувачи. Им благодариме на читателите и на експертското жири на AUTO BILD and BILD am SONNTAG што ја доделуваат наградата „Златен управувач“ на модел од семејството GSE, овојпат на Opel Corsa GSE. Ова е јасна потврда за тоа колку нашите спортски автомобили за секојдневна употреба оставаат силен впечаток и инспирираат“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl. Минатата година, Opel Mokka GSE го означи почетокот на низата награди за моделите GSE на манифестацијата „Златен управувач“. И тој беше прогласен за „Најдобар мал автомобил“. На годинешното јубилејно издание, новата Corsa GSE сега убедливо го повтори овој успех. Откако читателите на AUTO BILD and BILD am SONNTAG го изгласаа овој спортски hot hatch во финалето, целосно електричниот спортски автомобил за секојдневна употреба помина низ серија строги тестирања и ригорозна евалуација од страна на стручното жири на „Златниот управувач“, на патеката DEKRA Lausitzring. Резултатот: Corsa GSE освои импресивни вкупно 4.261 поен, со што ја обезбеди победата пред силната конкуренција. Особено се истакна во категориите за оценување како што се однесувањето при тргнување, забрзувањето, испораката на моќноста и агилноста, а истовремено остави одличен впечаток и во однос на прегледноста, положбата на седење и практичноста. Од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди: ниту еден друг актуелен сериски модел на Opel не забрзува побрзо. Новата Opel Corsa GSE на тој начин го обединува најдоброто од двата света: исклучително динамичен спортски карактер и докажани практични предности. Со спуштена шасија, Torsen диференцијал со ограничено пролизгување, моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm, впечатливата високоперформансна верзија на најпопуларниот мал автомобил во Германија и Велика Британија овозможува исто толку електрична моќност како Mokka GSE. Но, Corsa GSE ги покажува своите спортски способности уште поизразено. Од 0 до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel! На слободен дел на автопат, возачите можат да достигнат максимална брзина до 180 km/h. Перформансите дополнително се нагласени со активниот спортски звук, развиен ексклузивно за новата Corsa GSE, кој го следивозачкото доживување во зависност од забрзувањето и брзината на возилото. На тој начин, перформансите стануваат видливи, опипливи и звучно доживеани како за возачот, така и за патниците. Истовремено, Corsa GSE не е наменета само за оние кои сакаат спортско и забавно возење, туку претставува и практичен автомобил за секојдневна употреба, како и удобен придружник на подолгите патувања. Како и секоја електрична Corsa, и оваа спортска верзија овозможува багажен простор со капацитет до 1.042 литри. Деталите од сериската опрема, како што е функцијата за греење на седиштата и управувачот, како и 180о камерата за возење наназад, придонесуваат за уште поголема удобност при патување. Доколку возачите на Corsa GSE сакаат да напојуваат надворешни електрични уреди, тоа можат да го направат со користење на енергијата од батеријата на возилото, благодарение на двонасочниот вграден полнач (V2L). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортистСојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања ...Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го освои историското четврто место на ЕП во Литванија во 2011 година Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања и придонес во развојот и унапредувањето на спортот. На денешната свеченост, која се одржа во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, беа доделени девет награди, на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Извршниот одбор на Сојузот. За најдобар спортист е прогласен каратистот Матеј Белистојаноски, кој оствари одлични резултати на меѓународната спортска сцена. Тој освои прво место на натпреварувањето Серија А во Тбилиси, златен медал на Европското првенство во карате за У21 во Лимасол, како и златен медал на Медитеранските игри во Таранто. Меѓу добитниците на наградите е Дејан Боневски, професор по физичко образование и спорт во ООУ „Наум Наумовски Борче“, за својот придонес во областа на спортот и образованието. Признание добија и Силвана Карбеска и Марија Илиева, меѓународна ракометна судиска двојка. Тие се меѓународни судијки за ракомет на плажа и ракомет во сала, а од 2009 година судат на светски и европски првенства, како и на највисоките натпреварувања во организација на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Наградата му беше доделена и на Сашо Кузмановски, спортски новинар со богата спортска кариера, кој веќе 25 години ја извршува функцијата програмски уредник на Спортското радио 90.3. Меѓу наградените е и Ирена Митровска, претседателка на Федерацијата за дигање тегови и секретарка на Кик-бокс федерацијата, за нејзиниот придонес во спортското организирање и развојот на овие спортови. За посебните достигнувања во спортот, особено во текот на оваа година, награда доби и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Признанието следува по исклучителниот успех на експедицијата „Врело 2026“, реализирана во периодот од 11 до 17 октомври, со врвно организирана нуркачка екипа. Во рамките на експедицијата беа поставени неколку нови светски рекорди: истражување на најдлабоката пештера во светот во која човек досега навлегол, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко нуркање на отворени води. Во експедицијата учествуваа вкупно 15 членови од Македонија, Полска и Италија. Признание доби и Александар Кузмановски, карате-тренер во Карате клубот „Олимпик Скопје“, во кој членуваат некои од најдобрите спортисти, меѓу кои Матеј Белистојаноски и Вероника Костовска. Кузмановски воедно е и селектор на македонската А-репрезентација во карате, во дисциплината борби. Наградата за животно дело во областа на спортот му припадна на Марин Докузовски, професионален кошаркар и тренер, кој важи за најтрофеен селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Под негово водство, Македонија го освои историското четврто место на Европското првенство во кошарка во Литванија во 2011 година. Наградите „13 Ноември“ се доделуваат од 1970 година, во чест на ослободувањето на градот Скопје. Тие се доделуваат за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот, врвни спортски достигнувања, како и за придонесот на заслужни спортисти, тренери, професори по спорт, спортски новинари и спортски работници, вклучително и за животно дело во областа на спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter