ЗдравјеБритански научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракотБритански научници открија зошто аспиринот, широко распространет лек против болки и треска, може да го спречи ширењето на ракот, откритие што носи нова надеж за идните третмани на оваа болест.Истражувачки тим открил дека аспиринот им помага на клетките на имунолошкиот систем да ги уништат метастазираните клетки на ракот, кои се одговорни за 90 отсто од смртните случаи поврзани со рак. Ова откритие може да го направи аспиринот дел од стандардната терапија за рак во иднина. Досега, научниците претпоставуваа дека антиинфламаторните својства на аспиринот се клучни за неговото дејство против ракот, но точниот биолошки механизам остана непознат, што ги спречуваше лекарите да го користат како стандарден третман. Во новото истражување, научниците им давале мали дози аспирин на глувци со различни видови рак, вклучително рак на дојка, дебело црево и кожа. Резултатите покажале дека кај третираните глувци имало значително помалку метастази во споредба со нетретираните. Нивото на тромбоксан А2 во крвта, соединение за кое се верува дека игра клучна улога, исто така било намалено. Истражувачите откриле дека тромбоксан А2 им помага на клетките на ракот да се „кријат“ од Т-лимфоцитите, имунолошки клетки што ги напаѓаат туморите. Аспиринот, со намалување на нивото на тромбоксан, ја укинува оваа заштита, овозможувајќи им на Т-клетките да ги пронајдат и уништат клетките на ракот пред да се прошират. Научниците планираат да го повторат експериментот на луѓе. Доколку аспиринот покаже сличен ефект, тоа може да го трансформира пристапот кон лекувањето на ракот и да помогне во утврдувањето кои видови рак би можеле најдобро да реагираат на овој евтин третман. Тагови: рак Аспирин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го нарече Ормускиот теснец американска територијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време. Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муницијаЛишени од слобода пет лица.На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми. На 21.08.2026 во 10:35 часот во с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во с.Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка . На 21.08.2026 во с.Светомитрани, крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево извршија претрес во домот на К.Т.(38) од с.Светомитрани, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол. На 21.08.2026 во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка. По целосно расчистување и документирање на случаите, против лицат ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Тагови: СВР Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивалМакедонската кинематографија забележа значаен успех на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, на кој два македонски филма освоија вкупно пет награди.Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири признанија – Митиќ ја доби специјалната награда за промоција на родовата рамноправност, наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Ева Костиќ за одличната изведба на улогата на Сара – нејзина прва улога на филм, а филмот ги доби и наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката. Успех оствари и филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, кој ја освои специјалната награда „Младински перспективи“. Од Агенцијата за филм истакнаа дека петте признанија уште еднаш ги потврдуваат квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија, како и значењето на континуираната поддршка за развојот и меѓународната видливост на македонскиот филм. Тагови: Сараево филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05