Британски брачен пар „чува“ 13 пластични бебиња: Редовно ги шетаат, им менуваат пелени (ВИДЕО) - Канал 5

Британски брачен пар „чува“ 13 пластични бебиња: Редовно ги шетаат, им менуваат пелени (ВИДЕО)

Џес Елис (27) и нејзиниот вереник Ејвери Расен (33) од источен Лондон се подготвуваат за родителство на необичен начин.

Британски брачен пар „чува“ 13 пластични бебиња: Редовно ги шетаат, им менуваат пелени (ВИДЕО)

Сѐ започнало за време на ограничувањата поради Ковид, кога имаше и епидемија на осаменост, па Џес дојде до идеја да собира кукли за да го „помине“ времето. Хобитот набрзо се претвори во нешто многу повеќе.

Денес Џес и Ејвори имаат 13 пластични бебиња за кои се грижат како вистински, пишува Дејли Мејл.

Ребека беше првата што се приклучи на „семејството“, а потоа следуваа Сем, Џун, Бруклин, Мануела, Зејн, Лили, Анализ, Арија, Куки, Чарли, Пипа и Џун.

Џес за своите „деца“ потрошила 6.800 евра, а најскапа била Куки, „недоносено девојче“, чија цена била 1.950 евра.

Истакнува дека вереникот ја поддржува, честопати помагајќи ѝ да ги смени пелените на „бебето“.

„На некој начин ни помагаат да се подготвиме за родителството. Ејвори никогаш порано не сменила пелена ниту држела бебе, а сега самодовербата му се зголеми“, објаснила Џес.

За време на пандемијата, Џес често ги носела своите „деца“ на прошетка.

„Тоа го правам и денес, бидејќи е забавно да се тркала количката низ соседството. „Неколку пати луѓето мислеа дека таа е навистина бебе“, откри таа.

Таа истакнува дека нема целосна поддршка од родителите и пријателите.

„Татко ми Ендрју мисли дека тоа е бизарно, но тој е горд што правам нешто во што уживам и не се срамам да зборувам за тоа. Имам целосна поддршка од мајка ми Ники“, рече таа.

Џес со текот на времето ја претворила својата страст во бизнис, бидејќи почнала да прави и продава пластични бебиња.

YouTube video

За да се направи една кукла потребни се три недели, а за четири месеци заработила повеќе од 2.000 евра.

Џес на крајот нагласува дека во иднина би сакала да има вистински деца, а за тоа се подготвува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Познатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни.

Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата.

– Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото.

Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати.

– Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?

Според најновиот извештај на „Индиката“ (Indicata) – компанија специјализирана за анализа на пазарот на возила – побарувачката за половни автомобили стари меѓу три и четири години моментално ја надминува понудата. 

Откриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?

Оваа категорија учествува со речиси 26 проценти во вкупната продажба на половни автомобили, но претставува само 22 проценти од вкупната понуда, што потврдува дека купувачите првенствено бараат возила кои нудат добар баланс меѓу цената, староста и модерните карактеристики.

Дин Мерит, менаџер за стратегија за малопродажба во „Indicata“, истакна дека возилата стари од три до четири години претставуваат идеален компромис меѓу вредноста и квалитетот, бидејќи нудат модерни безбедносни системи и технологии по значително пониска цена од речиси новите автомобили.

Иако продажбата на половни електрични возила постепено расте, автомобилите на бензин продолжуваат да доминираат на пазарот, учествувајќи со околу 43 отсто од вкупната продажба, благодарение на стабилната побарувачка и довербата на купувачите во однос на долгорочните трошоци за експлоатација.

Аналитичарите забележуваат дека понудата на половни автомобили на бензин ќе продолжи да опаѓа како што се зголемува бројот на електрифицирани модели на пазарот, но нивните цени засега остануваат стабилни токму поради постојаната побарувачка, пренесува „BodyShopMag“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Дваесетина помали пожари регистрирани денеска низ Македонија

Дваесетина помали пожари регистрирани во текот на денот,информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Ангелов:  Дваесетина помали пожари регистрирани денеска низ Македонија

Тој посочи дека брагодарение на брзата реакција на локаните противпожарни екиши , пожарите се изгаснати или ставеи под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер