Британската влада му дава последна шанса на Абрамович- дали парите од продажбата на Челзи ќе стигнат во Украина? - Канал 5

Британската влада му дава последна шанса на Абрамович- дали парите од продажбата на Челзи ќе стигнат во Украина?

Британската влада формално ќе наложи префрлање на 2,5 милијарди фунти (околу 2,85 милијарди евра) од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи, кои беа добиени од рускиот милијардер Роман Абрамович, за хуманитарни цели во Украина.

Британската влада му дава последна шанса на Абрамович- дали парите од продажбата на Челзи ќе стигнат во Украина?

Овој потег го објави премиерот Кир Стармер, според „Гардијан“.

Стармер му рече на Долниот дом дека средствата од Абрамович, кој е под санкции во Велика Британија, ќе бидат префрлени во нов фонд за Украина. Тој рече дека Абрамович мора да го одобри префрлањето на парите или ќе се соочи со судска постапка.

Премиерот рече дека издавањето лиценца за овој трансфер е последна шанса милијардерот да се согласи со условите пред владата да преземе судска постапка против него.

Потсетете се дека рускиот милијардер го продаде Челзи во 2022 година под притисок од британската влада по руската инвазија на Украина.

На Абрамович му е дадена дозвола од британската влада да го продаде Челзи под услов парите да бидат потрошени за поддршка на жртвите од војната во Украина. Средствата беа уплатени на британска банкарска сметка управувана од компанијата на Абрамович „Фордстам“. Парите оттогаш се замрзнати поради застој во преговорите со Абрамович околу тоа дали парите треба да се трошат исклучиво во Украина или можат да одат и во странство.

Владата вети дека ќе формира фонд за исплата на парите, предводен од Мајк Пенроуз, поранешен шеф на УНИЦЕФ во Велика Британија.

Министрите нагласија дека со години се обидуваат да се договорат за условите со Абрамович и бараат негова соработка во префрлањето на средствата. Стармер рече дека владата е подготвена да преземе правни мерки против Абрамович за пристап до парите.

Овој потег доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека предлозите договорени со американските претставници за мировен договор за ставање крај на војната на Русија во Украина наскоро би можеле да бидат финализирани. Американските претставници изјавија во понеделник дека решиле „90 проценти од нерешените прашања меѓу Русија и Украина по дводневните разговори во Берлин“, иако руските претставници не беа присутни.

Разговорите меѓу европските лидери за посебен план за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина во наредните години продолжуваат оваа недела, а состанокот на лидерите е закажан да започне во четврток. Поголемиот дел од средствата, 185 милијарди евра, се чуваат во централниот депозитар за хартии од вредност на Euroclear во Брисел.

Москва изјави дека користењето на средствата е кражба и се закани дека ќе ги заплени средствата на европските приватни инвеститори во Русија. Плановите што се разгледуваат предвидуваат ЕУ да обезбеди почетен заем од 90 милијарди евра за Украина, користејќи готовина во Euroclear, но побарувањето на Русија за средствата ќе остане недопрено. Украина ќе ги врати парите само ако и кога Русија ќе се согласи да плати репарации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали трилатералниот состанок на Трамп, Путин и Си Џипинг ќе го промени светот?

Повеќе слика, отколку содржина. Откако слегна прашината по самитот на тројцата најмоќни светски лидери во Кина, доминира впечатокот дека помпезно најавуваниот состанок сам по себе е историски, но без суштински пробив за клучните теми.

Дали трилатералниот состанок на Трамп, Путин и Си Џипинг ќе го промени светот?

Повеќе слика, отколку содржина. Откако слегна прашината по самитот на тројцата најмоќни светски лидери во Кина, доминира впечатокот дека помпезно најавуваниот состанок сам по себе е историски, но без суштински пробив за клучните теми, барем на јавна сцена. Оттука, фокусот на светските анализи е кој и колку доби? Во најголем од светските анализи, преовладува ставот дека рускиот претседател Путин е најголем победник зашто по години меѓународна изолација се врати на големата сцена, а на самитот на АПЕК прв пат по 9 години.

-Русија долго време негодува на перцепцијата дека сила во опаѓање, ослабена сила, а претседателот Путин сега има право да каже: „јас сум еден од само тројцата лидери на една ексклузивно избрана маса. На тој, начин тој судерира дека и покрај воените загуби и западните санкции, Русија е голема сила. , изјави за Дојче Веле, Али Вејн, политички аналитичар од Вашингтон.

Си Џинпинг, Трамп и Путин вчера објавија заедничка мировна декларација, без воопшто да бидат споменати војната во Украина и во Иран. ројцата лидери само декларативно, а не обврзувачки се согласуваат да работат на свет без нуклеарано оружје, реформи во Обединетите Нации, ограничување на улогата на Меѓународниот кривичен суд. Она што е нејасно е дали ваквиот лидерски формат ќе продолжи и дали ќе ги разгори стравувањата за потенцијално преобликување на меѓународниот поредок, во кој Европа би останала надвор од сферата на влијание.

-Никогаш не сме ги виделе овие три лидери да седнат заедно. Ако тоа постави некаков преседан да стане еден вид централен простор за дебата, како „Г-3“, што ќе ги засени сите други групи, тогаш кој знае каде ова може да води. Си Џин Пинг мисли, Источна Азија е мој дел. САД дефинитивно, или Доналд Трамп експлицитно вели, западната хемисфера е моја. Тоа е Донро доктрината. Знаеме дека Владимир Путин би сакал да контролира повеќе од Источна Европа отколку во моментов. , изјави Ричард Вокер, аналитичар од Берлин.

Германскиот канцелар Мерц вчера оцени дека Формат во стилот на Јалта нема да донесе мир, а дека Европа нема да биде изоставена од каков било договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за социјална политика со координирам одговор против семејно насилство

Денеска се одржа работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за социјална политика со координирам одговор против семејно насилство

Во Јавното обвинителство на Република Македонија денеска се одржа работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, на кој беа договорени конкретни мерки за координирано, итно и ефикасно постапување во случаите на семејно насилство.

Во услови на загрижувачки трендови кај кривичните дела поврзани со семејното насилство, трите институции утврдија приоритетни активности насочени кон унапредување на превенцијата, обезбедување навремена заштита на жртвите и поефикасно откривање и кривично гонење на сторителите.

Согласно договорениот протокол, при секој евидентиран настан, Министерството за внатрешни работи веднаш по приемот на пријавата ќе го известува надлежното јавно обвинителство. Јавниот обвинител ќе ја координира работата на тим составен од полициски инспектори и стручни лица од центрите за социјална работа, со цел навремено и синхронизирано постапување.

Предвидено е итно обезбедување вешт наод и мислење за евентуалните повреди, процена на ризиците и прибирање на сите потребни докази, со што ќе се создадат услови за брзо донесување јавнообвинителска одлука и преземање соодветни дејствија за кривичен прогон.

Државниот обвинител Савески и министрите Тошковски и Велковски договорија воспоставување контакт точки во трите институции, преку определени лица кои ќе бидат постојано достапни за меѓусебна комуникација, координација и давање итни насоки. Постапувањето ќе се одвива согласно стандардизирани процедури, со јасно утврдени надлежности и одговорности.

Со зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка се очекува да се обезбеди побрза реакција во секој поединечен случај, навремено преземање мерки за заштита и згрижување на жртвите, како и ефикасно процесуирање на сторителите пред надлежните судови.

Институциите остануваат посветени на доследно и навремено постапување по сите случаи на семејно насилство, постапувајќи во тесна координација, со цел заштита на жртвите и обезбедување одговорност за сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата

Постигнат договор меѓу Минстерството за оразование и ЕВН за надминување на проблемот со долгот за електрична енергија – исклучување на струјата нема да има, а неплатените обврски МОН ќе ги подмири во наредните денови. 

Постигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата

Ова го потврдија од ЕВН за Канал 5 од каде посочија дека не можат да споделат колкав точно е долгот кој УКИМ и четирите факултети кон ЕВН. Пред два дена Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот на УКИМ остнаа во неколкучасовн мрак откако им беше исклучена електричната енергија. Како настанал долгот не откриваа ниту реторката на УКИМ која во телефонски разговор само ја потврди информацијата дека проблемот со електричната енергија е надминат и дека не очекуваат повторно да дојде до исклучување.

- Согласно договореното, МОН ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови, со што се создадени услови најавеното исклучување на електричната енергија да не се реализира. Во однос на прашањето за конкретниот долг на УКИМ ве информираме дека станува збор за информации кои произлегуваат од деловниот однос меѓу компанијата и нејзините корисници и од тие причини не би можеле да споделуваме поединечни информации за финансиските обврски на конкретни корисници, посочија од ЕВН.

Но, факултетите не се единсвените должници со неплатени сметки, покажуват поодатоците на Министерството за финансии за третиот квартал од оваа година. Вкупните долгови на државните институции и јавни претпријатија се околу 700 милиони ерва, од кои околу 125 милиони евра се достепани, а не платени долгови за комунлани услуги, греење, комуникација и транспорт.

Долгата должничка листа со години ја предводат Македонски железнци и Транспорт, со долгови од по над 80 милиони евра. Трети се Електрани на Македонија со долг од 40 милиони евра, а јавните здравствени установи вкупно должат над 157 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер