Британската влада ќе одвои 75 милиони фунти за борба против бандите кои шверцуваат мигранти - Канал 5

Британската влада ќе одвои 75 милиони фунти за борба против бандите кои шверцуваат мигранти

Британската влада денеска објави дека ќе одвои 75 милиони фунти (близу 89 милиони евра) за борба против бандите за трговија со мигранти, пренесоа француските медиуми.

Британската влада ќе одвои 75 милиони фунти за борба против бандите кои шверцуваат мигранти

Овие средства првично беа наменети за финансирање на миграцискиот договор склучен со Руанда, кој на крајот пропадна.

Лабуристичкиот премиер Кир Стармер, кој дојде на власт во јули, го отфрли контроверзниот план, поддржан од владејачките конзервативци, според кој барателите на азил кои нелегално пристигнале во ОК ќе бидат депортирани во источноафриканската земја.

Стармер во меѓувреме вети дека ќе се справи со „бандите“, вклучени во организирањето на преминувањето на Ла Манш, каде често има смртни случаи.

-Најавеното финансирање ќе биде искористено за купување на камери за надзор и технолошка опрема за да се олесни собирањето докази за кривично гонење на трговците со луѓе, изјави британскиот министер за внатрешни работи Ивет Купер. Средствата ќе бидат искористени и за ангажирање граничари и 100 специјалисти истражители за Националната агенција за криминал.

Британската влада сака да се справи со проблемот во соработка со своите европски партнери. /МИА

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

притисни ентер