Британската Кралица Елизабета Втора по 220 дена се појави во јавноста - Канал 5

Британската Кралица Елизабета Втора по 220 дена се појави во јавноста

Британската кралица Елизабета Втора се појави во јавноста за прв пат по седум месеци.

Британската Кралица Елизабета Втора по 220 дена се појави во јавноста

На своето прво јавно обраќање по 220 дена, таа го нарече виросот од корона „страшен“.

Елизабета Втора во придружба на внукот на Принцот Вилијам го посети Центарот за енергетски анализи во Портон Даун.

За време на нејзината посета на Центарот, британската кралица се состана со научници кои работат на доверливо истражување, објави Спутник.

Повикувајќи се на извор од Бакингемската палата, „Скај Newsуз“ објави дека за време на посетата била побарана посебна препорака за мерка на претпазливост, истакнувајќи дека сите што ја сретнале кралицата биле негативни на тестот за вирусот корона.

На новинарите не им беше дозволено да им приоѓаат на посетителите и мораа да носат заштитни маски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

Денешната прес-конференција е посветена на една многу актуелна тема која, за жал, зборува за имиџот којшто денеска не само Владата, но и, за жал, целата држава го има на меѓународен план.

Жерновски: СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

Се потврди тоа што СДСМ, токму од оваа говорница, од овој микрофон, го зборуваше наназад.

Тогаш, граѓаните, институциите не гледаа со сомневање, меѓутоа денеска сето тоа што го зборувавме, за жал, ние не се радуваме на тоа, меѓутоа се покажа како вистинито, дека сите барања за одговори, сите сомневања наши, за жал, реков, се покажаа како оправдани.

Граѓаните треба да знаат дека Унгарија и официјално отвори истрага за кредитот од цела една милијарда евра, што го договори Мицкоски и неговата Влада со Унгарија и со пријателот Орбан.

Освен со енормното покачување на јавниот долг, коешто е само по себе проблематично, овде веќе станува збор и за кредит којшто е преполн со сомнежи за криминал и, за жал, за незаконски постапки.

Според објавените информации, унгарското национално истражно биро има одземено илјадници страници документација поврзана со работењето на Ексимбанк.

Еден од аспектите коишто се сомнителни и за коишто многу пати зборувавме и потенциравме, во јавноста го отворавме тоа прашање, а тоа е потеклото на парите.

Дали се тоа парите коишто се дојдени од Кина, коишто непосредно претходно, пред да го добиеме кредитот како држава, се земени од страна на Унгарија, од Кина?

Сега сите знаат дека Владата на Мицкоски е под меѓународна истрага за унгарскиот кредит.

За жал, тоа е имиџот којшто денес ќе го има нашата држава.

И потоа ќе слушнеме од него како нè повикува со тезата позната: „Ајде да зборуваме за убавите работи“. Не. Да, би сакале ние, ама не можеме. Ние ќе зборуваме за вистината. А таа, не само што не е розова, туку, богами, има и сериозни криминални елементи.

Нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД многу добро знаат дека изминатите две години во нашата држава влегува сериозна количина на кинески пари.

Сега, со оваа истрага, сето се потврдува. Меѓутоа, тука не запираат. Погледнете ги активностите на неговиот омилен министер, на Стоилковиќ, којшто и понатаму продолжува да објавува среќен, радосен дека нашата држава разговара за нов влез на кинески средства.

СДСМ, како што кажав, уште од самиот почеток на оваа фингирана приказна, зборуваше дека треба внимателно да го анализираме и да го разгледуваме ова успешно задолжување, бидејќи уште од самата рана фаза стана јасно дека овде има сериозни индиции за сосема други дејствија.

И тоа се гледаше не само од Месечината, туку, што би рекол Мицкоски, уште од Марс, бидејќи, нели, според Мицкоски, човекот се качил на Марс. Владата, за жал на Мицкоски, до ден-денес нема дадено одговори на нашите прашања коишто ги поставувавме затоа што беше потребна транспарентност.

Ова е огромна сума на пари. До ден-денес ние не добивме одговор за тоа како е договорена зделката, кој ја договорил зделката, кои се провизиите, кои се скриените трошоци. Се разбира, и она што е многу битно, и ќе го потенцирам уште еднаш, кое е потеклото на овие пари.

Но, почитувани граѓани, сега веќе бегање нема. Вистината излезе на површина. Не може земјата којашто е крајниот корисник на овие пари, не може земјата којашто го зема кредитот и не може земјата чиишто граѓани ќе го враќаат овој кредит да не отвори истрага за овој предмет.

Затоа, македонските правосудни институции се должни веднаш да реагираат и да отворат истрага за овој предмет.

Тие мора да побараат информација од унгарските надлежни органи за целата состојба, да проверат што се случува и да ги проверат сите околности околу овие кредити.

Договорите, потеклото на парите, текот на парите. Исто така, што е многу битно, каде завршија овие пари. Кои компании добија средства од овој кредит?

Македонското обвинителство не може да молчи. И затоа денес отворено бараме да отвори веднаш предмет за сето тоа што се случило со кинескиот кредит, бидејќи секое понатамошно молчење станува навистина сомнително.

Не може една милијарда евра да бидат таен договор помеѓу Мицкоски и Орбан. Бидејќи оние што ќе го враќаат овој кредит, а тоа се граѓаните на нашата држава, имаат право да ја дознаат вистината.

Но, ќе завршам со тоа што секој што го кажувам: доаѓа време за вистина и доаѓа време за правда.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци

​Дека Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и  државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите. 

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијци

Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДС и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДС и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој.

Остана само талогот од СДС и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци.

Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен.

Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни.

За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. 

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување на реформите и зајакнување на институционалните капацитети.

Во своето обраќање, Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Тој нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, спроведувањето на реформите и целосното усогласување со вредностите и политиките на Европската Унија.

Осврнувајќи се на искуството на земјата во пристапниот процес, Сали оцени дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е еден од главните столбови на европската трансформација на државата, придонесувајќи за зајакнување на законодавството, економијата и администрацијата. Сепак, тој посочи дека главниот предизвик денес е ефективното спроведување на реформите, особено во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Сали ја поздрави визијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за поамбициозен модел на постепена интеграција, кој ќе им овозможи на земјите кандидати постепено вклучување во политиките, програмите и делови од Единствениот пазар на ЕУ пред членството. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да ги забрза подготовките, да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите и да ја зајакне довербата во процесот, додека крајната цел останува полноправното членство во Европската Унија.

Во овој контекст, Сали повика на покоординирана поддршка од земјите членки преку директна експертска помош, TAIEX, Твининг и подолгорочно ангажирање европски експерти во домашните институции. Тој истакна дека пристапниот процес мора да остане правичен, предвидлив и заснован на заслуги, така што резултатите и тешките политички одлуки ќе бидат проследени со конкретен напредок.

„Македонија ја избра Европа. Подготвени сме да го исполниме нашиот дел и очекуваме посветеноста, реформите и резултатите да бидат препознаени со напредок. Инвестирањето во нашите капацитети е инвестиција во идна земја членка и во посилна Европа“, истакна Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер