Британска компанија лансира 36 сателити во земјината орбита од космодромот во Казахстан (ВИДЕО) - Канал 5

Британска компанија лансира 36 сателити во земјината орбита од космодромот во Казахстан (ВИДЕО)

Британската технолошка компанија OneWeb денеска лансира 36 комуникациски сателити во вселената од космодромот Бајконур во Казахстан.

Британска компанија лансира 36 сателити во земјината орбита од космодромот во Казахстан (ВИДЕО)

OneWeb лансира сателити во орбитата како дел од своите планови да обезбеди глобален пристап до интернет со голема брзина.

„Launch #12 го претставува последното во низата од осум лансирања закажани во 2021 година од OneWeb со партнерите за лансирање Arianespace“, објави компанијата на својата веб-страница, објави Ројтерс. Француската глобална компанија за услуги за лансирање Arianespace, Oneweb и руската вселенска агенција Роскосмос го пренесуваа лансирањето во живо.

Претходно оваа година, OneWeb рече дека лансирањето од далечниот исток на Русија ќе му овозможи да понуди поврзување насекаде северно од 50 степени географска ширина.

OneWeb ги навеле Обединетото Кралство, Алјаска, Северна Европа, Гренланд, Исланд, континенталните САД, Арктичките мориња и Канада како области на кои треба да им се понуди целосна поврзаност.

Новинската агенција Интерфакс соопштила дека сателитите, лансирани на ракетата Сојуз-2.1б, ќе бидат одвоени во фази.

YouTube video

OneWeb ги обнови летовите минатиот декември, откако излезе од заштита од банкрот со 1 милијарда долари во капитал од конзорциум на британската влада и индиската Bharti Enterprises, нејзините нови сопственици.

Исто така, доби инвестиции од јапонските Softbank и Eutelsat Communications, а со дополнително финансирање од Bharti, OneWeb има обезбедено вкупно 2,4 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. август 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 11. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 11. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста.

Кариера

Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии.

Здравје

Не сте задоволни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини.

Кариера

Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици.

Здравје

Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови.

Кариера

Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо.

Здравје

Послужете се со својата интуиција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата.

Кариера

Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки.

Здравје

Ќе бидете весели и емотивни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат.

Кариера

Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат.

Здравје

Ќе се веселите со блиски луѓе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска.

Кариера

Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена.

Здравје

Потпрете се на вашата смисла за хумор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло.

Кариера

Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре.

Здравје

Полни сте со енергија.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство.

Кариера

Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите.

Здравје

Свртете се кон себеси.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата.

Кариера

Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок.

Здравје

Користете ги паузите на работа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика.

Кариера

Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа.

Здравје

Би било корисно добро да се наспиете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа.

Кариера

На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне.

Здравје

Занимавајте се со спорт.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно.

Кариера

Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами.

Здравје

Наспијте се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Хрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. 

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака.

„...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес.

Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници.

Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер