Британка спасила жена од Гамбија но го изгубила сопругот кој се свртел кон гостинката!

Линда Бучвалд и нејзиниот сопруг Питер Блеквел пред 8 години ја спасиле 21 годишната Евелин која била бремена со близнаци. Таа поради бременоста ја изгубила работата како танчерка, и и се заканувала голема сиромаштија во родната Гамбија.

Кога ја примиле Евелин во нивниот дом во Британија, медиумите известија за нивниот несебичен и голем гест. Но само неколку месеци подоцна, 67 годишниот Питер кој глумел примерен сопруг на Линда и дедо на близначињата на Евелин, се обидел да ја заведе девојката!

Евелин, шокирана од однесувањето на возрасниот човек, си ги зела децата и се вратила во Гамбија одбирајќи живот во беда наспроти додворувањата на нејзиниот „добротвор“. Линда, понижена и навредена го завршила бракот со Питер со кој дотогаш имала среќен живот.

Но Линда не ја обвинила Евелин за уништениот брак, ниту ја пуштила да остане во Гамбија. Евелин и децата во 2007 година се вратиле кај Линда и сега живеат сите заедно како среќно семејство.

- И покрај се се чувствувам многу среќна. Евелин и децата се мојата гордост. Питер е тој што изгуби - вели Линда.

- Никогаш нема да знам што му се случуваше во главата на тој човек. Но, нема будала како стар будала - вели Линда.

Евелин дополнува: јас сум благословена. Не можев да помислам дека ќе имам ваков живот. Растев без мајка и секогаш посакував да најдам мајка. Ова е како да ми се остварил сонот !


Happy: Last month Evelyn and her boys, Peter and Simon, were granted permanent UK residence

/ извор: Дејли меил

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

притисни ентер