ЖивотБританка со сопругот ги ограбиле неговите родители за да живеат во луксуз, им оставиле 9 центиНа шест години затвор се осудени алчните маж и жена од Велика Британија, кои ги ограбиле неговите постари родители, им ги земале заштедите 135.000 евра и им оставиле само девет центи на сметката.Гери Менсел и неговата втора сопруга Дијана живееле удобен живот во предградие, но сакале да живеат како милионери. Откако добиле контрола над финансиските работи на неговите родители Фред и Енид Менсел со полномошно, парот тргнал да ги украде нивните заштеди, рече судијата. Прво се вселиле во нивната куќа, а две години подоцна ја продале, но на родителите никогаш не им дале пари. Тврделе дека на сметката имаат уште околу 57.000 евра, но реално им останале само неколку центи, велат од полицијата. Парите Дијана и нејзиниот сопруг, меѓу другото, ги потрошиле и на луксузни одмори. Тие биле во Јамајка за околу 9.000 евра и во Зеленортските Острови за 4.500 евра. Потрошиле околу 10.000 евра за козметички третмани и луксузни чанти, но тоа не е сѐ. Двајцата наводно ја преуредиле кујната за 28.000 евра. Купиле дијамантски прстен, автомобил Ленд Ровер и скапи парфеми. На социјалните мрежи се фалеле со одмори на Карибите и скапи работи. Инспекторите пронашле и некои од овие луксузни предмети кога забележале дека сметката на родителите е празна. Добиле налог за претрес и заплениле луксузни предмети, а измамничката двојка веднаш била уапсена. Во средата, двајцата биле осудени на шест години затвор. „Гери и Дијана ја злоупотребија својата позиција на доверба, што имаше разурнувачки ефект врз двојката. Беше јасно дека немаат обѕир или сочувство за своите жртви и сега мора да ги земат предвид целосните последици од нивните постапки зад решетки“, соопшти полицијата, објави Сан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОткриени милијарди во унгарските шуми, Маѓар со остра реакцијаВо Унгарија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имотВо Унграрија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имот. Пронајдените средства вклучуваат повеќе од 5 милијарди форинти, приближно 2,6 милиони евра и 1,2 милиони долари, вкупна вредност од околу 18,1 милион долари. Парите биле откриени по дводневна претрага во главниот град Будимпешта и во три унгарски окрузи. Националната канцеларија за повраток и заштита на имот, неодамна формирана од новата унгарска влада, има истражни и обвинителски овластувања за постапување по предмети што се однесуваат на злоупотреба на јавни средства и сомневања за корупција – појави за кои критичарите на Орбан тврдат дека биле широко распространети за време на неговото 16-годишно владеење. Заплената е дел од кривична постапка против поранешниот министер за национален развој, Миклош Шестак, кој ја извршуваше таа функција за време на мандатот на Орбан. Шестак е осомничен дека примил повеќе од 37,2 милиони долари во вид на мито и провизии, поврзани со набавка на возила за унгарската државна автобуска компанија, како и преку државни градежни проекти. Тој беше приведен од полицијата кон крајот на септември. Видеото објавено на Фејсбук од Националната канцеларија за повраток и заштита на имот прикажува истражители кои клечат покрај големи купишта готовина, како со лопати копаат во земјата, ноќе, на локација што наликува на шума. This officially marks the end of the Fidesz-KDNP mafia! More than 6 billion forints’ worth of cash, buried or otherwise concealed, was found and seized yesterday and today by the National Asset Recovery and Protection Office (NVVH) as part of the criminal investigation into Miklós Seszták, a former minister in @PM_ViktorOrban's government. Here is the full statement of the NVVH: "On 12 and 13 November 2026, the National Asset Recovery and Protection Office carried out coordinated investigative operations at several locations across the country, including Budapest and Pest, Békés and Nógrád counties, as part of the criminal proceedings against Dr Miklós Seszták, former Minister of National Development. During the searches, investigators found large quantities of cash buried in forests, hidden in agricultural and warehouse buildings and in a residential property, as well as stored in a high-value safe at a hidden location. The total amount of cash recovered during the two-day operation was 5,071,632,000 forints, 2,658,350 euros and 1,257,100 US dollars. The cash was deposited with the Hungarian State Treasury by NVVH personnel today. The NVVH would like to thank the officers of the Criminal Technical Department of the National Bureau of Investigation and the Rapid Response Police for their assistance during the investigative operations, as well as the National Tax and Customs Administration and the Hungarian State Treasury for their cooperation." — Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) November 13, 2026 Унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој вети дека ќе бара одговорност за наводна корупција за време на владеењето на Орбан и дека ќе ги врати проневерените јавни средства, изјави дека 12 вработени во Унгарската државна каса поминале осум часа броејќи ги пронајдените пари, користејќи пет машини за броење готовина. Тој истакна дека ова откритие „официјално го означува крајот на мафијата на Фидес-КДНП“, мислејќи на поранешната владејачка коалиција на Орбан. – Од денес, Виктор Орбан е докажан мафијашки бос. Паднат мафијашки бос. А Фидес е криминална организација, напиша Маѓар. Ова откритие е најновиот развој на настаните во напорите на владата да се справи со наводните злоупотреби извршени за време на мандатот на Орбан. Во понеделникот беше приведен и братот на Орбан, како дел од истрага за сомневања за трговија со луѓе и тргување со влијание. И неколку други функционери од ерата на Орбан, вклучително и поранешен гувернер на Централната банка, исто така се наоѓаат во полициски притвор поради сомневања за измама и корупција. Минатиот месец, Централното истражно обвинителство соопшти дека притворањето на гувернерот на Централната банка, Ѓерѓ Матолчи, е поврзано со наводна злоупотреба на фондација на Централната банка, која располагала со јавни средства во вредност од 288 милијарди форинти (817,8 милиони долари). Виктор Орбан, чија крајно десничарска партија „Фидес“ загуби од унгарската партија од десниот центар со проевропска ориентација, „ТИСА“, на одлучувачките избори во април, ги осуди истрагите и притворите, нарекувајќи ги форма на политичка „тиранија“ чија цел е тој целосно да се отстрани од политичката сцена.Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитровски се сретна со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун МанетСредба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет.Денес, во рамки на учеството на Министерската конференција на Франкофонијата во Пном Пен, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во својство на шеф на македонската делегација, оствари средба со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет. На средбата, заменик министерот Димитровски изрази благодарност за укажаното гостопримство и срдечниот прием, пренесувајќи му честитки од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по повод Денот на независноста на Кралството Камбоџа кој се одбележа на 9 ноември. Тој истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји, што претставува значајна можност за нов импулс во нивното натамошно унапредување. Во таа насока, Димитровски ја нагласи важноста од интензивирање на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на развојот на економските и трговските односи, упатувајќи и отворена покана до премиерот Хун Манет да ја посети нашата држава. Димитровски упати честитки за успешната организација на Министерската конференција и 20. Самит на Франкофонијата во Пном Пен, нагласувајќи дека членството во Меѓународната организација на Франкофонијата, како и соработката во рамките на Обединетите нации и другите мултилатерални форуми, претставуваат значајна основа за продлабочување на односите и зајакнување на меѓусебната поддршка на меѓународен план. Премиерот Хун Манет се согласи дека постои потенцијал за натамошно продлабочување на билатералната соработка, посочувајќи ја потребата од организирање политички консултации меѓу двете земји, како механизам за идентификување конкретни области и можности за нејзино унапредување. Притоа, тој ја истакна гордоста на Кралството Камбоџа што е домаќин на 20. Самит на Франкофонијата, кој обединува претставници на повеќе од 90 земји и претставува значаен израз на солидарноста, дијалогот и соработката во рамките на франкофонското семејство.Тагови: Зоран Димитровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter