Британка случајно пронашла мала златна Библија, стара 600 години (ФОТО) - Канал 5

Британка случајно пронашла мала златна Библија, стара 600 години (ФОТО)

Медицинската сестра Бафи Бејли од Ланкастер пронашла минијатурна златна Библија додека користела детектор за метал со нејзиниот сопруг Иан за да пребарува земјоделско земјиште во близина на Јорк.

Британка случајно пронашла мала златна Библија, стара 600 години (ФОТО)

Вредната Библија можеби некогаш била во сопственост на средновековен аристократ или кралско семејство.

Предметот стар 600 години, долг само 1,5 см, би можел да вреди повеќе од 100.000 фунти, рече Бејли.

Експертот го нарекол уникатен артефакт кој веројатно бил во посед на многу богат човек.

Бејли им кажала на новинарите дека таа и нејзиниот сопруг го избрале Јорк за истражување бидејќи добро ја знаат богатата историја на тој дел од Англија. За ова добиле дозвола од сопственикот на земјиштето.

"Ископав околу 13 см и открив златен предмет. Во тој момент не мислев дека е нешто толку посебно. Тоа го сфатив дури откако внимателно го исчистив од земјата. Тежок и сјаен предмет, неверојатно убав и веројатно златен “, си помислив.

Минијатурната Библија тежи само пет грама и е изработена од 22 или 24-каратно злато. Се верува дека потекнува од 15 век.

YouTube video

На него се издлабени фигури на свети Леонард и Света Маргарет, заштитничка на породувањето, а најверојатно биле користени како предмет за заштита на сопственикот за време на бременоста и породувањето.

Минијатурна Библија е пронајдена во земја недалеку од имотот што некогаш му припаѓал на Ричард III. (1483-1485), а експертите шпекулираат дека тоа можеби било сопственост на неговите роднини или неговата сопруга Ен Невил.

Тие го споредиле со Middleham Jewel, златен привезок со син сафир пронајден во замокот Мидлхам, на околу 64 километри, исто така во сопственост на Ричард Трети и семејството Невил. Станува збор за златен привезок од крајот на 15 век, кој исто така бил откриен од детектор за метал недалеку од замокот во 1985 година.

Џулијан Еван-Харт, уредник на магазинот Treasure Hunting, рече дека златната Библија е уникатен историски артефакт.

„Ова уметничко дело е јасно иконографско и е многу слично на Middleham Jewel, така што постои можност да е направено од истиот уметник.

„Оној што нарачал да се направи ваква минијатурна златна Библија морал да биде неверојатно богат“, рече Бејли. „Засега нема ништо слично на светот. Предметот би можел да вреди повеќе од 100.000 фунти.

Музејот Јоркшир во Јорк проценува слични предмети пред аукционерот да ја одреди цената, а потоа музејот одлучува дали да ги откупи.

Во 1992 година, музејот платил 2,5 милиони фунти за да го купи Middleham Jewel.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата.

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е филантропија, туку авансна уплата за идни привилегии, тендери и институционална заштита. Ова не е домаќинско владеење, ова е замена за класичен рекет — систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, додека граѓаните подоцна ја плаќаат сметката преку монополи и високи цени. Обвинуваа за рекет, сега гледаме маскиран и јавно признат „Рекет на стероиди“!

Залудно власта се обидува да ја замачка јавноста со фразата за „нула денари“. Прво, тие исти компании утре ќе искористат даночни олеснувања за овие спонзорства, со што државниот буџет директно ќе изгуби милионски суми од данок на добивка — што значи дека граѓаните ПАК ја плаќаат сметката! Второ, ако сѐ било приватна донација, зошто Владата ја задолжуваше Државната лотарија уште во април да распишува јавни огласи за уметници од „светска А-класа“ и зошто владини портпароли од официјални говорници најавуваа приватни концерти?

Ете зошто се промовираат монополи во авиосообраќајот и бизнисот. Ете зошто Владата свесно го одбива предлогот на ЛДП за намалување и ограничување на банкарските провизии. Оваа соголена спрега меѓу власта и корпорациите директно го објаснува однесувањето на Владата кон граѓаните. Наместо да им ги намали трошоците на граѓаните, Владата ги штити интересите на банките и олигарсите, за тие за возврат да ѝ ги финансираат сценографиите, забавите и политичкиот маркетинг.

Ваквиот нетранспарентен систем е директно спротивен на сите европски стандарди за владеење на правото и спречување судир на интереси. На Македонија ѝ се потребни Европската Унија и нејзините строги механизми токму за ваквата коруптивна спрега конечно да може правно да се гони. Затоа власта бега од нов Кривичен законик по урнек на ЕУ и бара изговори за да нема реална правна заштита.

ЛДП бара итно објавување на сите договори, спонзори и финансиски текови за одржаните манифестации на сите таканаречени „општествено одговорни компании“. Граѓаните имаат право да знаат кој ја платил државната сценографија, за утре, кога истите тие компании ќе добиваат државни тендери или лиценци, да не се чудиме зашто системот е корумпиран.

Бараме да се активира и Државната комисија за спречување на корупцијата и да направи целосно испитување на овие донации и потенцијалниот судир на интереси!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обид за атентат врз Зеленски?

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, велејќи дека инцидентот ја одразува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.

Обид за атентат врз Зеленски?

„Неговиот авион речиси беше погоден од дрон при полетувањето од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Сторе.

Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“ и „остава длабок впечаток“.

„Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не било добро, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК.

Зеленски пристигна од Молдавија во Осло синоќа за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го прими украинскиот претседател во својата канцеларија утрово.

Сторе рече дека Зеленски имал средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде веднаш по пристигнувањето во Осло во вторник вечерта.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

 Активни пожари има во општина Струга меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, во општина Македонски Брод кај селото Белица и кај местото викано Рамно кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.

Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и  Чучер-Сандево

Изминатото деноноќие регистрирани се 31 пожар на отворен простор, покажуваат последните информации од центарот за управување со кризи. Од нив, три се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.

Надлежните служби успеале да ги стават под контрола пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, селото Тајмиште во општина Кичево, селото Грачани кај општина Ѓорче Петров, како и пожарот во Делчево каде што е зафатена градската депонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер