Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
2Мицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банка
3Стојаноска до Костовски: Дали имавте комуникација со тогашните владини функционери од СДС за Еуростандард банка?
ЖивотБританка скокнала од прозорец на хотел да избегне силување во ИндијаДевојката седела во хотелската соба кога еден маж упаднал внатре и се обидел да ја силува.25 годишна туристка од Британија која била сместенаво хотел во Агра, градот каде е лоциран Таџ Махал, скокнала од прозорец од првиот кат на хотелот кога непознат маж упаднал во собата и се обидел да ја силува. Девојката со повреди на главата и скршеници на двете нозе е пренесена во болница. Мажот кој влегол во собата на девојката се верува дека е сопственикот на хотелот - пишува дејли меил. Тој е уапсен. Обидот за силување на туриската доаѓа само неколку дена откако шестмина силуваа швајцарска туристка пред очите на нејзиниот врзан сопруг. Бруталните инциденти и силувања кои често пати завршуваат со смрт на жртвата во Индија го кренаа револтот на јавноста која со месеци бара државна реакција и поголеми казни за силувачите. Владата најави легислатива според која минималната казна за силувачите ќе биде 20 години затвор, а доколку жртвата почине, силувачот да добие смртна казна!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБелгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на МаскБелгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“. Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск. „Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа. 🔴 Belgium opens Europe's largest satellite factory; Iris2 production planned for end of 2028 Belgium's King Philippe inaugurated a satellite factory in Charleroi on Tuesday, run by Belgian firm Aerospacelab. The facility will produce satellites for the EU's Iris2 constellation, which aims to rival Starlink. Aerospacelab secured a €2.4 billion contract in September to manufacture 264 of the 348 satellites planned for Iris2. The factory has annual production capacity of roughly 500 satellites and spans approximately 20,000 square metres. — NewsTongue (@NewsTongueX) November 25, 2026 Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво. Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“. Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година. Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од КлековскиСо Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат.Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски Со Клековски и Мицкоски здравството е хаос, нема лекови, луѓе умираат. Онколошките пациенти повторно се без терапија - по кој знае кој пат откако е криминалната ВМРО-ОКГ на власт. Го нема лекот „паклитаксел“. Пациентите повторно се враќаат дома, без потребната терапија и тоа со информација, дека лекот ќе го нема до Нова година. До Нова Година онколошките пациенти ќе треба да чекаат и да бидат без потребната терапија што за нив живот значи. Ова е загрозување на човечки животи за што директно одговорен е Клековски. Пациентите кои веќе поминаа болни циклуси сега се ставени во ризик да им напредува болеста. Наместо итно решение и обезбедување на лекот, пациентите добиваат порака дека треба да чекаат до Нова година. Ова е целосен распад на здравствениот систем заради криминалните тендери, заради Мицкоски и Клековски. Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните. Организираната криминална група ВМРО и здравјето на граѓаните го гледаат низ призма на тендери и профити врз грбот на народот. Нема пари за лекови, за апарати, за вработувања, за повисоки плати - ама имаат за нивните партиски тендери. Бараме оставка од Клековски. Бараме одговорност за сите кои дозволија животот на онколошките пацинети да биде доведен во ризик. Бараме веднаш да се обезбеди лекот „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен - без изговори, без префрлање на вина и без нови одложување. За здравјето на луѓето се работи, и тоа не може да чека! Изјава за медиуми, Елена Радеска – Комисија за здравство СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицевски: Разграничувањето на институционалните надлежности е суштинската цел на надзорната расправа за Алта банкаНа денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.На денешната надзорна расправа за Алта банка, се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека една од суштинските цели на надзорната расправа треба да биде разграничувањето на надлежностите и одговорностите на институциите во државата, особено имајќи ја предвид уставно загарантираната самостојност на Народната банка. „Пред македонската јавност да разјасниме суштински прашања од уставен правен и институционален аспект. Сметам дека една од основните цели на оваа надзорна расправа треба да биде прецизното разграничување на надлежностите и одговорностите на секоја институција во државата. Вие покрај тоа што се претседателка на Републиката сте и долгогодишен професор по уставно право и поранешен пратеник во ова Собрание“, рече Мицевски кон претседателката Сиљановска Давкова. Пратеникот Мицевски, во рамки на надзорната расправа, побара од претседателката на државата, Сиљановска Давкова, јасно и прецизно да ги образложи своите уставни и законски надлежности во однос на темата за која се одржува расправата, со акцент на случајот со Алта банка. Притоа, тој потсети на членот 60 од Уставот, кој ја гарантира самостојноста на Народната банка, како и на членот 5 од Законот за Народната банка, кој ја утврдува нејзината независност. „Која е вашата конкретна надлежност согласно Уставот и законите во однос на темата за која што денес ја одржуваме оваа надзорна расправа имајќи предвид дека членот 60 од Уставот ја гарантира самостојноста на Народна банка, а членот 5 од Законот за Народна банка ја гарантира нејзината независност. Дали претседателот на Републиката има какви било законски надлежности во постапката за издавање на банкарски дозволи, давање согласност за стекнување на квалификувано учество во банка, вршење на банкарска супервизија или воведување на привремена администрација. Дали во конкретниот случај со Алта банка вие или вашиот кабинет сте биле вклучени во која било од овие постапки“, праша Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook