Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата
1Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗабаваБританка направила 16 операции на градите, за да ѝ бидат најголеми - сега прави 3Д усниКејти Прајс (44) го сподели со своите следбеници на Инстаграм процесот на уредување на „3Д усни“ во естетски салон.Таа покажа како изгледаат нејзините усни пред процедурата, а потоа го снимила моментот на инјектирањето, пред да го открие резултатот. - Погодете што ќе правам со моето лице денес? 3Д усни!, се „пофали“ Кејти. Медицинската сестра Александра Хек го даде своето стручно мислење за Дејли Мејл за трендот наречен „усни на пеперутката“. - Техниката вклучува вертикални инјекции со филери за усни за да се додаде висина и да се дефинира аморскиот лак на ист начин како и руските усни. Откако ќе се вбризга филерот, усните се врзуваат за да се спречи поместување на филерот и да се дозволи филерот да се смести на своето место, рече таа. Говорејќи за усните на британската старлета, медицинската сестра заклучила дека Кејти претерала. - Гледајќи ја фотографијата од усните на Кејт, врз основа на моето клиничко искуство можам да кажам дека усните се преполнети, што доведе до губење на природната големина на горните и долните усни, нивната форма и боја, заклучила таа. View this post on Instagram A post shared by Katie Price (@katieprice) На старлетата не ѝ се непознати естетските процедури. Во февруари, мајката на пет деца го направила своето 16-то зголемување на градите во обид да има „најголеми во Британија“. View this post on Instagram A post shared by Katie Price (@katieprice) Гласините велат дека по зголемувањето минатата година, таа сакала уште поголеми гради, се одлучила за импланти во обид да ја зголеми својата и онака голема биста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата„Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените, оддавајќи им почит на сите оние кои се бореле против фашизмот и придонеле за создавањето на македонската држава. По повод празникот, Николоски упати честитка до граѓаните на Македонија, истакнувајќи го историското значење на 11 Октомври и жртвата на македонскиот народ во борбата за слобода. „Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот. Со својата жртва и со својот пример, покажа дека заслужува држава, заслужува слобода и дека е на страната на оние што ќе бидат победници во Втората светска војна“, порача Николоски. Тој нагласи дека жртвата на борците е длабоко вкоренета во создавањето на македонската држава и дека слободата во која денес живеат граѓаните е резултат на нивната пожртвуваност. „Таа жртва длабоко е вкоренета во создавањето на македонската држава, без таа жртва немаше да постои самостојна и независна Македонија, и без таа жртва денеска немаше да ги уживаме плодовите на слободата. Затоа треба да се потсетуваме на истата, и да не мислиме дека е нешто далечно, нешто што се случило одамна и нешто на кое треба да се потсетуваме само кога е годишнина, туку да се потсетуваме постојано, затоа што Македонија и денес е под силни напади. И денеска многумина не и' мислат добро на Македонија, и денеска се повампируваат одредени идеи, кои не значат самостојност и самобитност на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската нација, култура и македонската држава“, истакна Николоски. Во своето обраќање, тој посочи дека македонската држава има јасен политичко-правен и историски континуитет, нагласувајќи ја потребата од негово зачувување, при што, како што рече вицепремиерот, државата, но и сите ние мора да одолееме на сите предизвици коишто се случуваат, и на сите негирања и искривувања на историјата коишто некој сака да ги направи. Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, градот од каде што започна вооруженото востание во 1941 година, претставува потсетување на историското значење на борбата против фашизмот и на жртвата на генерациите кои се изборија за слободата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на ВинисиусПредводникот на кралевите од Мадрид, Жозе Мурињо не сакал да се појави на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Реал и Виљареал.Реал Мадрид успеа да излезе како победник во дуелот со Виљареал во шпанското првенство (1:0). Единствениот гол го постигна Јан Диоманде, но во центарот на вниманието сепак бил Винисиус, кој предизвика скандал. Контроверзниот ас на Реал доби директен црвен картон бидејќи го повлече противникот за коса. Поради што, неговиот гол за водство од 2:0 беше поништен, бидејќи спорниот момент се случи за време на самата акција што доведе до погодокот. И не само тоа, Вини вербално го нападна судијата Кордеро Дијаз, кој му покажа црвен картон откако ја прегледа снимката по сугестија од ВАР-собата. 🚨🚨| The moment Vinicius pull the Villareal player’s hair. 😳 https://t.co/OZXg8G4jVr — Kalshi FC (@KalshiFC) October 10, 2026 Тука не заврши сè, бидејќи Жозе Мурињо дополнително ја влоши ситуацијата. Португалскиот стручњак одби да се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Шпанските медиуми пренесуваат дека тој наводно изјавил оти „стравува дека ќе биде суспендиран доколку зборува“. Тоа би значело и дека би можел да го пропушти дербито против Барселона на 25 октомври. Токму тоа е натпреварот што би можел да го пропушти и Винисиус, доколку биде строго казнет за своето однесување. Ситуацијата во Реал Мадрид е, благо кажано, проблематична. Тие моментално се трети на табелата во Шпанија со 18 бода, шест помалку од Барселона, додека Атлетико Мадрид е пред нив со 19 бода. Тешкотиите продолжуваат и за Мурињо и за клубот...Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДемократски сојуз: Честит 11 октомври – ден на востанието на македонскиот народ11 Октомври е еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол на слободата, храброста, националното достоинство и непокорот.На овој голем празник, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци кои се кренаа против фашизмот, жртвувајќи се за слободата, мирот и иднината на македонскиот народ. Востанието од 11 октомври 1941 година останува траен симбол на стремежот за слобода и право на сопствена државност. Неговото историско наследство е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. 11 Октомври е празник на сите граѓани и ден што треба да нè обединува. Тој нè потсетува дека слободата, правдата, солидарноста и љубовта кон татковината се вредности што нè поврзуваат и нè обврзуваат заеднички да ја градиме иднината. Демократскиот сојуз останува посветен на демократска, просперитетна и европска Македонија, во која ќе се почитуваат слободата, достоинството и правата на секомј граѓанин. Со гордост кон историското наследство, со единство во сегашноста и со одговорност кон иднината! Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ! Вечна слава на борците за слобода!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook